Значи имам ставено плински уред кај вас, се работеше како што треба.
Примав повеќе совети од луѓе да не ја возам колата на плин на максимална поради можно горење на вентилите, но вие ми одговоривте дека нема да има проблем на плин да ја возам колку сакам. Па јас ве послушав и возев околу 190, вентилите на два цилиндра изгореа, пепел.
Испадна дека луѓето имале право, затоа што плинот е сув и се ствара голема температура.
Прашањето е може ли ова да падне на вас или е моја грешка лична и немам шанса да го докажам спротивното?
Сакам искрен одговор на искреното прашање. Поздрав.
де де де.... поставуваш прашање или даваш заклучок дека плимонт се криви? вентили може да ти изгорат од ред други работи, на пример да биле малку повеќе стегнати. имам едно чудо пријатели со алфи кои возат на плин. имам и еден лудак со твин машина, еден вентил не му изгорел, а колата ја “изгоре“ од стискање. ти се случило бе друже некое срање. треба да се реши проблемот на мајстор и мајсторот да открие од што е, ама саглам мајстор да постави дијагностика, а не кај “пеце у гаража, зад куќа“ кој е локалец мастор да кажува. однеси ја во овластен сервис колата и ќе дознаеш. јас имам исто плин, на волво. цели 1,5 саат го држев пуна гас до доле т.е. pedal to metal и не се деси ама баш ништо. немој да избрзуваш со вакви заклучоци дека од плинот изгреле вентилите. според мене, а јас имам доста знаење, можни се повеке сценарија од кои повеќето немаат допирна точка со плинот. на пример да си ја прегреал колата и сега да не се изгрени вентилите туку едноставно да стегнале малку повеќе... провери го тоа... инаку плинот е само погонско гориво како алтернатива. сепак размисли малку по убаво пред да обвиниш, консултирај се со експерти а не како што реков од рекла казала, и ако експертите ти речат дека е од плинот, тогаш иди во плимонт и качи им се на глава... во секој случај, знам и те разбирам дека имаш зорт. мака ти е и нервозата е голема. да не праиме муабет дека на гладно срце ке треба пари сега да се даваат... што рекол народот од ништо, нешто се направило...
Викаш де, де, де?
Така можеш да викаш тебе кога е ти се случи, немој мене кога ќе ми се случи. Јас за џабе ништо не зборам.
Се стегнале вентилите и изгреле а? Така било тоа.
Која кола до сега изгореле вентили на бензин? А колку на плин?
Дознај ја таа информаација па ќе прајме муабет.
Моето прашање е едноставно дали такво нешто (ЕВЕ да кажеме е вистина) опфаќа гаранцијата, тоа беше моментот. Несакам полемика, кога ќесе види детално ќе пишам и ќезнаете што е јас немам што да кријам а и не патам од комплекс да се извинам ако згрешам.
И немој да спомињаш дека ауто мобил ск се мајстори, мајстор што ќе фати на брег со клешта да тегне не би му дал ни точак да поправа а не кола.
И не сум бил кај никој "пеце у гаража" не се секирај