Ако имаш вакво нешто, тогаш имаш, ако не - немаш. Јас немам, зошто за Алфа моторите нема потреба од капалка. Вентили одат и од други разлози, на мајсторите лесно им е да го наведат плинот како прв разлог за такви дефекти на мотор. Не викам дека нема ефект тоа што е на плин, но мислам дека повеќе има ефект она што ти го кажав порано: сиромашна смеша. А сега, дали тоа е поради дефект или несоодветен плински систем (при оптеретен режим - здраво газење не може да провајдува доволно плин) за да биде смешата во ред, тоа е веќе друго прашање.
Некои системи може да се подесат да речеме над 4500 вртежи да префрлат на бензин, баш од овие причини. Сакаш економик, до 4500 е сосема доволно
170-тина на саат е со мојата алфа. Ако сакаш газење, ич не те прашува дали сакаш на плин или на бенин, туку автоматски префлрла.
Како и да е, провери ја смешата веднаш штом ќе ги решиш вентилите. Можно е да е лошо штелање од страна на Плимонт, не мора да е проблем неинсталирањето на капалка.
Chlink, мислам дека во НИКОЈ СЛУЧАЈ не е твоја грешка, со било какво возење ти НЕ МОЖЕШ да ги изгориш вентилите, освен на тешко модифицирано ауто, а твоето не е такво. А дали е на Плимонт, или е некој проблем со сензори ко` погоре што спомнав, треба допрва да се утврдува, ама најверојатно кога ќе го средиш моторот.
До Плимонт: Со сликине што ги постиравте, само кажувате дека е неговиот мотор компатибилен и без проблеми работи со плински уреди. Но тоа не значи дека не е можно дефект на плинскиот уред (да речеме помал проток на некој инјектор, дефектен, не отвара на време или лошо наштелувана смеша и сл.) да доведе до дефектот chlink.
Не викам дека сте вие виновници, ама не викајте и вие одма „не е наша вина“
Ферски ве праша човекот.