Автор Тема: Домашни Миленици  (Прочитано 896849 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1620 на: 20 Декември 2013, 08:45:10 am »
;D  будала невидена си ти еј :D

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1621 на: 20 Декември 2013, 08:45:25 am »
It goes both ways, Vele. Мора да се адаптираат сите на желбата кучето во ресторан да се носи?

Затоа има места (во случајов ресторани) каде што не може да се носи кучето.

Да седи во ресторан според мене е нормално ако не смета на никој ( не им се качува на маса, гризе, лае итн ). Ама некој да седи на другиот крај од ресторанот и да мисли дека кучето ќе го нападне не е баш нормално...

Молим лепо.

Цитат
Пошто има многу напади остри кон оние кои најкултурно си кажаа дека не им пријаат кучињата еве и јас ќе бидам малку остар.

А која пак потреба ја имате да го мкнете кучето секаде со вас и да ви спие во кревет? Дома не ве гушкаат? Девојката не ви дава цицка?

куче е да го врзеш у двор да прави џева ако влезе некој..

За мене кучето е само материјал за работа, if ya know what i mean... ;)

Ќе ве молам да ја поштедите темава од неандерталски испади.

Куче не е да го врзеш во двор и да прави џева, тоа у селата таму...Куче е живо суштество попаметно од ТЕБЕ, што ти го прави поисполнет животот...кога веќе ќе се нафатиш да чуваш нешто, се чува како што треба и како што доликува, а не да го врзеш за јаже, и да остаиш, за тоа ја би со закон да се забрани.

Молим лепо, втор пат. Али за жал, Балканскиот синдром не дозволува волку напредно размислување.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1622 на: 20 Декември 2013, 08:48:42 am »
И на Брејдик сега веројатно му е исполнет животот. Но граници секаде постојат нели. Само што различни лица прават различни избори и за тоа не смее да им се суди. Некој сака животни некој не сака. На никого НЕ СМЕЕ да му се суди. Секој на своја страна нека си се снаоѓа и нека си ја бара среќата.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1623 на: 20 Декември 2013, 10:15:42 am »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30615
    • CARclub.mk
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1624 на: 20 Декември 2013, 12:17:09 pm »
Не, него патетично е што за се' примерот го гледаме во западот и нивниот начин на живот, се' додека не се коси со балканскиот синдром на свезнаење.

Во тие земји нема луѓе што се плашат од кучиња? Нема луѓе што биле повредени од кучиња? Има, ама свесни се дека светот не е должен да се адаптира на нив и нивните стравови, проблеми и слично.

Балканскиот мозок не е доволно еволуиран да може да сфати дека единката која го носи, не е најбитната ствар во универзумот.

Исто така, излишно е да се очекува поинаква реакција од луѓе кои никогаш не се грижеле (ама навистина грижеле, а не земале и врзале во двор) за куче, за да знаат и сфатат што тоа значи.

А светот е должен да се адаптира кон желбата на некого да го носи своето куче насекаде?

Ако од една страна е валиден аргументот за адаптирање, валиден е и од другата.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1625 на: 20 Декември 2013, 12:27:00 pm »
It goes both ways, Vele. Мора да се адаптираат сите на желбата кучето во ресторан да се носи?

Затоа има места (во случајов ресторани) каде што не може да се носи кучето.

За да не куцам двапути истото.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1626 на: 20 Декември 2013, 14:11:29 pm »
Не треба да има места каде што не може да се носи куче, односно миленик, туку треба да има места каде што ќе може да се носи миленик, а на сите останати да биде забрането. Малку ја претеравте, јас разбирам љубов кон миленик, и јас многу сакам животинки, особено кучиња и папагали, ама не иде да м'кнеш животно со тебе у ресторан, супер маркет, шопинг итн. It's all about common sense.

@ Daywalker, Тоа што ти имаш салонско куче, не значи дека нема кучиња што не се да седат врзани у двор. Како што има салонски кучиња, така има и кучиња за во двор. Друга работа, многу некоретно од твоја страна што го навредуваш Кими и не само од твоја туку сум приметил у неколку наврати многу форумџии во своите постови имаат упатувано директни навреди кон него како личност. Може он да контра и да тера инат на форумов и да трола колку сака, ако прекршува некое правило ќе биде санкциониран, ама директна навреда кон него не е во ред.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1627 на: 20 Декември 2013, 14:13:18 pm »
Брат ми има поента. Одлична поента. Ко род да сме.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1628 на: 20 Декември 2013, 14:19:31 pm »
Туку, се навратив на темава пошто ми текна еден друг момент. Зашто да има места каде што можеш да влезеш со куче, ја на пример чувам папагал, Зеро чува мачка, зашто ние да не може да си ги носиме со нас у ресторан или у супер маркет? Еве да речеме, на вас поборницте за кутриња у ресторан, нема да ви пречи тоа, ама замисли ја сликата кога мачката на Зеро, ќе ми рипне на маса за да ми уапа папагалот, а кутрето на Веле ќе и се пушти на мачката да ја здави, ќе ви биде пријатно да седите на такво место?

Давав пластичен пример, имињата и вашите миленици ги користев за полесна илустрација.

Дени, е ај да не сме :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1629 на: 20 Декември 2013, 14:23:15 pm »
Туку, се навратив на темава пошто ми текна еден друг момент. Зашто да има места каде што можеш да влезеш со куче, ја на пример чувам папагал, Зеро чува мачка, зашто ние да не може да си ги носиме со нас у ресторан или у супер маркет? Еве да речеме, на вас поборницте за кутриња у ресторан, нема да ви пречи тоа, ама замисли ја сликата кога мачката на Зеро, ќе ми рипне на маса за да ми уапа папагалот, а кутрето на Веле ќе и се пушти на мачката да ја здави, ќе ви биде пријатно да седите на такво место?

Давав пластичен пример, имињата и вашите миленици ги користев за полесна илустрација.

Дени, е ај да не сме :D
Јасно.

Истото го реков и јас:
П.С. Ако се дозволи таков циркуз јас ќе чувам зелена мамба.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1630 на: 20 Декември 2013, 14:23:54 pm »
Убаво кажано во двата случаи..

А јас убаво прашав некаде поназад, дали кучињата си ги носите на работа?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Re: Домашни Миленици
« Одговори #1631 на: 20 Декември 2013, 15:06:25 pm »
Да смеам, би го носел.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11156
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1632 на: 20 Декември 2013, 15:08:12 pm »
Јас не гледам причина зошто не би имало места каде што ќе биде дозволено да се влезе со миленик.
Не секаде, туку обележано во кој локал може, а во кој не може.

Читајќи ја дискусијава добив впечаток дека повеќето тука мислат дека ако е дозволено влегување со миленик, дека внатре од 20 маси на 16 би седеле кучиња. Не е така.
Од моето искуство низ светов, таму каде што било дозволено влез со миленик, максимум да имало 3 и тоа кучиња и тоа во поголем ресторан.

Прво е до културата. На човекот. Па после како ја пренел истата на миленикот. Или детето.
Значи јас ако треба да излезам со сопругата во некој ресторан со пријатели, нема да ги земам децата со мене затоа што џабе сум излегол во ресторан со пријатели. Доколку пријателите имаат деца, идеме таму каде што е приспособено и за деца.
Значи јас ако треба да излезам со сопругата во некој ресторан со пријатели, нема да го земам песот со мене затоа што сум излегол во ресторан со пријатели.

Но се случило непланирано да сме на прошетка, па се оддолжила прошетката, па сакаме да седнеме да јадеме.
Зошто во тој случај да нема објект каде ќе може ние да ручаме,а со нас да биде присутно кучето (пошто куче имам)?

Мислам дека премногу оптимистички го сфативте тоа дека ако се дозволи такво нешто, па сега сите што имаат кучиња секој ден ќе почнат да се ранат во ресторани и да си ги влечкат кучињата или мамбите.

БТЊ, за балканското размислување и менталитет, па и Србија е балкан, па ете од таму почна дискусијата.
Јас сум 100% убеден дека повеќе човек ќе ти посмета во било каков локал отколку нечив миленик.

И ќе споделам 2 примери.

1. Седнуваме во Германија во традиционален ресторан во хотел од 5 ѕвезди. Седиме, муабетиме, јадеме. Влегува фамилија од 6 луѓе + куче (огромно, магаре, претпоставувам некоја Дога дека беше).Јас со колегата се погледнавме под око, а Германецот не примети и не праша што е проблемот. Му посочивме да го види тоа што ние го видовме. На тоа тој се насмеа и само рече, се’ додека не прави проблем кучето, тогаш нема никаков проблем. И за воља на вистината, после второто пиво, многу погласни беа мажјаците од 6-торката погоре отколку кучето што мрдна 2 пати со опашката. А дамбетер не изненади кога конобарот,му донесе  вода во чинивче за кучиња од ресторанот.

2. Сефте кога го земавме Оги (куче марка Ши-Цу, уште си го чуваме), сакавме да одиме на одмор со него. Тоа што беше тука од администрација, чипови си завршивме, па остана да бараме сместување. Пишавме мејл во еден хотел во Хрватска и напоменавме дека сакаме да претстојуваме со куче, марка Ши-Цу. Бевме многу инзенадени од одговорот, цитирам:
 - Почитувани, во нашето 15 годишно работење со хотелиерство ниту еднаш не се случило куче да поврати во лифт, да моча на скали, да се дере од тераса и да фрла пивски флаши во базен. Одтука, ќе ни биде задоволство да ве угостиме вас и вашиот миленик.

Ете така.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Re: Домашни Миленици
« Одговори #1633 на: 20 Декември 2013, 15:25:27 pm »
Нормално.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8347
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Домашни Миленици
« Одговори #1634 на: 20 Декември 2013, 16:01:32 pm »
До мојата 27 година имам чувано многу кучиња, сум ги сакал и воспитувал до миле мајке, биле неразделен дел од фамилијата.
Исто и мачки, папагали, аквариум... Сакам животни, посебно кучиња!

Решавам станбено прашање моментално.
Скапо платив плац и ќе правам куќа. Една од поголемите причини за куќа а не стан, е огромната желба за пар Лабрадори!!!  :-*

Сепак, јас мислам дека нема што да бара кучето со мене во кафана или во Амнезиа клуб на Ибица или на Зрче  ;D
Нема место за куче на сред ручек во ресторант, мое или било чие.

Заебете тие УСА софт поинтс према педерите, животните, транссексуалците и слично...
Јас, сопругата и кучињата во парк, во природа и така натаму - уживанција!

Мое мислење!