Ја исчитав цела тема 2 пати, искрено бев на ниет да ставам од адитивите кои ги препорачувате, но ме предомисли мајсторот мој - Стерио (ако има тука бивши и сегашни тркачи ќе знаат за кого зборам). Вика... има една добра работа кај овие адитиви - не се штетни, али се одлични за психа на возачот. Со еден збор само начин за земање пари.... makes sense. Секое поквалитетно уље го прави истото. По негова препорака во моето Stilo 1,9 JTD ќе ставам деновиве Selenia 5w40 full synthetic. Ќе пишам впечатоци.
Што се однесува до CeraTec, Liqui Moly едно време ги тужеа за превара, па банкротираа, па успеаа преку Словенија пак да си ја купат фирмата и сега продаваат нов продукт... скептик сум...