Автор Тема: Адитиви со Д-р. djidji  (Прочитано 466405 пати)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Адитиви со Д-р. djidji
« Одговори #450 на: 15 Февруари 2012, 13:25:20 pm »
Dr. Djiji, де проверензи бите дас адитив.

http://imageshack.us/photo/my-images/585/img2012021500017.jpg


Тоа е тоа ;)

Отсутен MarjanT

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Адитиви со Д-р. djidji
« Одговори #451 на: 20 Февруари 2012, 12:55:54 pm »
Здраво на сите!

Имам VW Polo 1.9d 97god, купео пред 7-8 месеци со 200 илјади поминато! Кога го купив ми сменија масло ЕЛФ ама некако не сум задоволен, бидејќи после 6000 км колата работи побучно од претходно, а ми рекоа да го менувам маслото на 10000км! Прилично е многу црно, а и во течна состојба:)))
Откако го најдов форумов (нов сум) прочитав секакви работи за секакви масла и адитиви, меѓутоа се одлучив да користам Liqui Moly - http://prntscr.com/6awqx, а со тоа што сите го фалевте особено Dr.Djidji Кератек адитивот - http://prntscr.com/6awx9  го купив и тоа! Типот што работи во продавницата во автокоманда незнам дали ме прелажа или не ама ми рече да купам и Motor Clean -  http://prntscr.com/6awz1 па го купив и ова сретство! Е сега имам прашање, дали кератекот се става заедно со промена на маслото, или прво да сменам масло, па после 200-500км да го додадам адитивот?
И секако сакам да ми кажете дали изборот е соодветен за мојата кола?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Адитиви со Д-р. djidji
« Одговори #452 на: 20 Февруари 2012, 13:03:11 pm »
Чистач непосредно пред мењање. Да не се вози повеќе од 100км со него.



Кератек после мењање.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Адитиви со Д-р. djidji
« Одговори #453 на: 20 Февруари 2012, 13:04:06 pm »
Изборот ти е добар.
А за адитивите треба прво упатството да го прочиташ и да постапиш по него. Прво мотор клин ќе ставиш, за да го прочисти моторот. Па после ќе го испуштиш старото масло, ќе смениш и филтер за масло. Ќе го ставиш новото. Ќе извозиш пола саат па после ќе го ставиш Кератекот. Е сега, откако ќе го ставиш кератекот пожелно е да излезеш некаде на отворено или пак низ град ама да извозиш добри пола саат-саат за да проциркулира кератекот убаво, да се раствори како што треба и рамно мерно да се распореди на деловите. Наредното утро или две би требало да мислиш дека имаш нов мотор.

Тоа би било тоа. Среќно :)

Отсутен MarjanT

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Адитиви со Д-р. djidji
« Одговори #454 на: 20 Февруари 2012, 13:07:41 pm »
Фала на брзиот одговор! Уште едно прашање имам! Цело шишенце кератек се става? И на колку километри би требало повторно да сменам масло?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Адитиви со Д-р. djidji
« Одговори #455 на: 20 Февруари 2012, 13:08:38 pm »
Пишува во упатството. Цело шише стави го, доволно е за 5л масло. А повторно треба да ставиш  после 50.000-60.000км

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Адитиви со Д-р. djidji
« Одговори #456 на: 20 Февруари 2012, 13:17:32 pm »
Цело шише, а масло ќе смениш после година дена или 10.000 изминати км - кое дојде прво.


П.С. Одлично возило со одличен мотор! Со здравје да си го возиш!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Адитиви со Д-р. djidji
« Одговори #457 на: 20 Февруари 2012, 13:19:19 pm »
Да не ме сфатиш погрешно Марјан, маслото ќе го смениш после 10.000 километри а Кератекот си стои врзан за металните делови од моторот и треба повторно да ставиш после 50.000км. Да не ме сфатиш погрешно па да смениш масло на 50.000.... под услов да издри толку моторот :)

Отсутен MarjanT

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Адитиви со Д-р. djidji
« Одговори #458 на: 20 Февруари 2012, 13:22:54 pm »
ОК, фала многу!

Отсутен MarjanT

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Адитиви со Д-р. djidji
« Одговори #459 на: 20 Февруари 2012, 13:29:09 pm »
хехехехех не не, те разбрав Фаланга , само зборот ми е, дека и претходниот пат и прв пат :), кога ми го менуваа маслото ми кажаа да го сменам на 10000км, ама моторот чудно се понаша и на 6500км, па решив да сменам сега масло.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Адитиви со Д-р. djidji
« Одговори #460 на: 20 Февруари 2012, 13:31:54 pm »
Јас да сум на твое место би го менувал на 7000 најмногу. Тоа 10.000 се однесува на комбинирано возење град-отворено и за нови мотори. Твојот мотор е во години а башка не знаеш внатрешната состојба каква му е и како го имаат возено пред тебе. 10.000 е многу, менувај на 7

Отсутен MarjanT

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Адитиви со Д-р. djidji
« Одговори #461 на: 20 Февруари 2012, 13:42:50 pm »
Ок, готово, тоа ми требаше! Во превод 2 пати годишно, пошто за 6-7 месеци имам извозено 6500 км. А дали треба да ги сменам сите фитри (воздух,нафта,полен) кога менувам масло. Извини ако те замарам, ама поим неам што како треба :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Адитиви со Д-р. djidji
« Одговори #462 на: 20 Февруари 2012, 13:48:14 pm »
Не бе па и ти какво замарање, да не испадне после јас те замарам :D

Иначе филтер за Полен се менува после 2 сезони во принцип. А филтер за нафта на 30.000 до 50.000. Филтер за Воздух исто на 30.000 а се чисти секоја пролет и есен.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9230
Одг: Адитиви со Д-р. djidji
« Одговори #463 на: 20 Февруари 2012, 13:57:38 pm »
Филтер за гориво менувај на секој втор сервис, освен ако не поминуваш по 2000км годишно

Отсутен MarjanT

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Адитиви со Д-р. djidji
« Одговори #464 на: 20 Февруари 2012, 14:30:39 pm »
@Falanga- не ме замараш воопшто, фала ти!:)
@MarceCvarce -  фала :)
Џабе се потрошив денес ги купив сите :(, мене сите овие работи ми се сменети пред 6-7 месеци на 6.500км. Значи утре да го сменам само филтерот за масло со промената!