Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 1859341 пати)

Отсутен stavrov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 513
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5100 на: 19 Август 2017, 11:27:57 am »
Кој може да ми се нафати да ми го среди сончевиот кров на Мерцедес А180? Кровот си работи нормално само не се затвора до крај од возачката страна и зуи на поголема брзина заради струењето на ветерот.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my SM-G935F using Tapatalk



Друже ја би ти рекол Youtube tutorial (ако има) и сам да пробаш.
Тешко дека ќе го средам сам. Немам ни толку време, ни живци, ни доволно алати, само изгледа и нема да најдам некој што ќе се нафати да го среди.

Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен grandemiki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 273
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5101 на: 19 Август 2017, 17:31:17 pm »
Магленки напред ако се поврзат на задната магленка и бидејќи ќе има повеќе волтажа ќе покажува компкутррот дека има грешка. Како може да се среди тоа се менува осигурачот со поголема v??
« Последно менување: 19 Август 2017, 18:30:42 pm grandemiki »

Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5102 на: 19 Август 2017, 19:04:47 pm »
Ако мислиш магленки предни да ги врзеш на задниот прекидач, ќе немаш проблеми ако се изведе со реле. Нема влијание волтажата. Осигурачите немаат волтажа. 12V е волтажата на електричните уреди низ цела кола (со некои исклучоци) и нема да се промени ако врзеш предни магленки како што треба.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5103 на: 22 Август 2017, 03:04:50 am »
Што се состои поточно функцијата на автоматот на алансерот ? Открив во што лежи проблемот за релето што ми прави цк цк, тоа реле се води како контакт реле и оваа жолтата жица што доаѓа фактички од бравата (или од брава преку реле па на автоматот, ок небитно), и таа жица тука конекторот на автоматот е лабав и ако ја поместувам, се слуша цк цк од релето, и успат ја губи половина кола струјата, трепкаат светлата, бришачите прекинуваат, па работат и така натаму.
Што e точната функција на автоматот заради кој ја губи струјата речиси цела кола ?
Пошто и приметував дека понекогаш знае да не вергла убаво алансерот, како грубо да вергла, лошо, како да има нешто заглавено, али не секогаш, 5 пати ке вергла убаво, два пати лошо и така натаму, успат и ова што прави проблем на целата струја.

Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5104 на: 22 Август 2017, 07:37:36 am »
„автоматот“ е уствари силен електромагнет, кој треба запчаникот од бендексот да го вметне врз запчаникот од замаецот на моторот, во момент пред да почне да врти анласерот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5105 на: 22 Август 2017, 12:24:15 pm »
Во принцип двете функции ги прави. Уметнува запчаник и дава контакт да почне да врти моторот. Во моменти на очај со стокецот, еден држи на клуч контакт во брава за да се метне запчаникот, додека јас со шфрафцигер ги допирам клемите за да заврти :)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5106 на: 22 Август 2017, 13:46:47 pm »
Во ред сето тоа, али зашто е потребен отпосле откако моторот ке стартува ? Зошто после стартувањето на моторот, во моменти заради лабавиот контакт жолтата жица го губи контактот и потоа тоа се одразува на останатата струја во колата ?

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5107 на: 22 Август 2017, 14:00:36 pm »
Откако моторот е стартуван, и клучот го враќаш во нормална позиција,  анласертот не врти а бендексот е во „чоше“ притиснат од повратна пружина. Електирчните проблеми ти се некаде во несиправноста на плочакта за контакт или лоши клеми па ти бега некаде струја. Инаку струја до намотикте на моторот од анласерот не би требало да има.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5108 на: 22 Август 2017, 14:11:30 pm »
Какви сијалици бара Меган 2 за магленките знае ли некој?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20611
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5109 на: 22 Август 2017, 14:15:21 pm »
Цитат
Product line    NIGHT BREAKER UNLIMITED
Order no   64211NBU
ECE category   H11
Technical data   12V 55W PGJ19-2

https://am-application.osram.info/en#
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6287
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5110 на: 22 Август 2017, 14:16:09 pm »
H11 пишува во китапот

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5111 на: 22 Август 2017, 14:16:20 pm »
Какви сијалици бара Меган 2 за магленките знае ли некој?

H11.

Бриши, каснам.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5800
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5112 на: 22 Август 2017, 14:17:04 pm »
Јас да питам оти на тракторо ми го топи осигурачот на светлата
Значи не го прекинува но постепено загрева и се топи пластиката,иначе има ставено 8А осигурач.
Дали е можно од сијалиците,гледам има опнано Philips халогенки 55W

Sent from my E5603 using Tapatalk


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6287
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5113 на: 22 Август 2017, 14:23:33 pm »
Мал ти е осигурувачот?

P=U*I
I=55W/12V=4.6A

2 сијалички *4.6A= 9.2A

Глупави ми се математиките?

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5114 на: 22 Август 2017, 14:30:18 pm »
Откако моторот е стартуван, и клучот го враќаш во нормална позиција,  анласертот не врти а бендексот е во „чоше“ притиснат од повратна пружина. Електирчните проблеми ти се некаде во несиправноста на плочакта за контакт или лоши клеми па ти бега некаде струја. Инаку струја до намотикте на моторот од анласерот не би требало да има.

За овој проблем барав по нетот, за тој звук на релето и успат сметање во струјата на одредени потрошувачи и на сите што го поставувале прашањето за ова, како одговор за решение го добивале да го проверат контактот на жицата од брава до алансер, до аутоматот поточно и кај сите бил тој проблем, дали лабав контакт, дали фатило корозија и така натаму. Откако ке го сределе контактот, немало понатаму проблем.
Затоа и неможам да ја сфатам неговата функција, пошто тоа контакт реле кое ми прави цк цк, од него добиваат неколку потрошувачи на струја, премостува, не е само за контакт.