Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 1859390 пати)

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5070 на: 16 Август 2017, 12:07:59 pm »
Еден комшија имаше проблем со радиото, му крадело струја. Видете исклучете радиото.
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5071 на: 16 Август 2017, 12:19:35 pm »
Нема аларм само фабрички има централно без далинско на двете врати плус багажник.
На радиото му е извадена плочката и е во фиока, така се вози без музика.

Неможам да сватам што би можело да биде?!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5072 на: 16 Август 2017, 12:40:03 pm »
Пробиен реглер на алтернатор.. После ќе пишам процедура како да испитате по дома... Сеа од тел не е баш згодно..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5073 на: 16 Август 2017, 18:55:19 pm »
Случајно приметив гледам капе вода. Вода у казанчето не фали. А ова капе ли капе...

Не ми се десило вака до сеа...

Можно да е од климата нешто кондензација?

Не ми е јасно од што може друго да тече у тој дел?



Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4905
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5074 на: 16 Август 2017, 19:04:44 pm »
Ако е чиста вода од климата кондензација е

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10281
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5075 на: 16 Август 2017, 19:04:54 pm »
Нема аларм само фабрички има централно без далинско на двете врати плус багажник.
На радиото му е извадена плочката и е во фиока, така се вози без музика.

Неможам да сватам што би можело да биде?!
Сепак ти одштекај ги каблите од радиото.
Може и акумулаторор да е и реглерот или нешто трето, ама инисај од радиото.
Бумп колку што гледам на сликата има некое цревце,нај веројатно плански и наменаки поставено, значи најверојатно е кондензација.

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1031
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5076 на: 16 Август 2017, 19:04:56 pm »


Случајно приметив гледам капе вода. Вода у казанчето не фали. А ова капе ли капе...

Не ми се десило вака до сеа...

Можно да е од климата нешто кондензација?

Не ми е јасно од што може друго да тече у тој дел?

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my SM-G935F using Tapatalk

Кондензација од климата е, кај мене истото се случува.
Пробај без клима дали ќе капе.
Кај мене капе само додека климата работи.

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk


Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5077 на: 16 Август 2017, 19:10:30 pm »
Па угасната е колата а капе.. а климата работеше некои 250 км а може и поише цело време со клима возев

Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4905
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5078 на: 16 Август 2017, 19:12:22 pm »
Ако имаш антифриз во системот, од тоа водата или што и да е пипни со прстот и лижни. Ако е антифриз ќе знаеш

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10281
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5079 на: 16 Август 2017, 19:28:03 pm »
Само плукни го антифризот. Има благ вкус...

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5080 на: 16 Август 2017, 23:00:35 pm »
Не е антифриз. Вода е. Антифриз да беше мислам ќе се познаваше плав е башка. Барем коа сум мењал антифриз знам како беше коа истекуваше.

Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
  • Пудингот на шоферството
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5081 на: 16 Август 2017, 23:13:44 pm »
Од климата капе назад од предницата  ;D,поточно кај шо тие предниот дел од вратата и многу лесно можиш да познаеш дали е антифриз или кондензација...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10281
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5082 на: 17 Август 2017, 00:14:35 am »
Пробиен реглер на алтернатор.. После ќе пишам процедура како да испитате по дома... Сеа од тел не е баш згодно..
чекаме...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5083 на: 17 Август 2017, 07:59:31 am »
Ахам, да... Забораив :)

Имам и претходно опишано како се детектира течење на струја низ систем, воглавно иде вака процедурата:

1. откачиш негативна клема од акумулаторот,

2. помеѓу полот на акумулаторот и клемата,  сериски врзуваш амперметар (мултиметар, подесен на А).

3. причекај неколку моменти да се стабилизира струјата која тече низ систтемот, бидејќи првиот пат кога ќе го споиш амперметарот, протекува струја до сите потрошувачи, како борд компјутер, еку, радио итн...Потоа ќе се стабилизира на некоја вредност, веројатно доста поголема од 40-50mA. 1A струја може за 48h потполно да испразни акумулатор со озбилен капацитет. За 8-9ч ако е малку ослабнат, доволно да не може да запали.

4. Возачката врата има прекидач за светло во самата брава. Со штрафцигер, на отворена врата врати го клипчето - да глуми затворена врата (да не ти свети светлото у кабина).

5. Прво почни со осигурачите под хауба, вади еден по еден. Додека си околу акумулаторот, на + клемата се директно врзани каблите од анласерот и алтернаторот. Некогаш тој од алтернаторот е врзан во серија на самиот анласер, па има само еден кабел од анлсер до алтернатор. За алтернаторот да го провериш, треба тој кабел да го извадиш. Обично, 10че клуче брка работа.

6. прати го амперметарот како откачуваш потрошувачи, додека не се појави нагло паѓање (односно нормализација) на течњето на струја во системот. (Јас кога имав пробиен реглер, некаде преку 2А ми беше јачината  на струја, наместо 20-30mA.
Внимавај, кога ги враќаш осигурачите назад во лежиште, повторно ќе се зголемува на моменти вредноста на амперметарот, но по неколку секунди пак се стабилизира.

7. Ако отштекувањето на потрошувачи под хауба не придонесе за пад на струјата, продолжуваш со откачување на еден по еден осигурач од кутијата за осигурачи под волан или во кабина кај и да е. (провери во упатството за колата кај све има табли за осигурачи, некои коли имаат неколку - под хауба, под волан, во гепек, позади ладица за ракавици итн..).

8. Кога ќе падне јачината на струјата (амперметарот ќе покаже јачина од под 100-200mA), гледаш што си отштекал од струјното коло - види според упатството за колата. Неколку уреди може да бидат врзани на ист осигурач. На пример, радио и инструмент табла, упаљач и таванско светло и сл..

Тоа е тоа воглавно. Обично не повеќе од пола-саат/саат е потребно за да тетектираш што е проблемот.

Исто така, може и со стујна клешта да се работи, наместо со мултиметар, тогаш не отштекуваш клема од акумулатор, туку ја ставаш клештата на кабелот за маса одд аку до шасија.

Има и други методи, на пример мерење на пад на волтажа на самиот осигурач и споредување со табела, ова е згодно ако не сакаш да ја „ресетираш“ цела кола, згодно за понови модели на коли, ама јас повеќе го сакам горе опишаниот метод...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10281
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #5084 на: 17 Август 2017, 13:29:31 pm »
Одлично опишано, ред по ред, те изнамачив а пак некако се разминавне со поентите. Јас мислев главна поента ќе биде реглерот на алтернаторот.
Конкретно кај мене обртометарот е врзан на алтернатор и директно е зависен од реглерот, значи паѓаат обртаите ако нечини реглерот.
Реглерот има функција да дава напон на роторот од алтернаторот, во зависност од обртаите и од вредноста на напонот на инсталацијата (не на акумулаторот) и тоа обратно пропорционално, значи како што расте напонот и обртаите, така напонот на роторот т.е. на намотката ( шпулната ) паѓа соодветно. Проблемот е што треба да врти алтернаторот па за да измериш напон на четкиците, шро во пракса не знам како би се извело.
Може со "вештачки" извор на напојување може да се манипулира со реглерот, но во пракса не сум пробал ( сум немал потреба ). Значи колку што знам, на 14.4в напон на контактите на реглерот, напонот на четкиците треба да е далеку помал од 14.4.в, а на по низок напон , на пример со ватерија од 9в треба напонот на четкиците да е 8-9в. Најверојатно така би требало да функционира реглерот али како што кажав немам практично проверено.
Исто така лесно се приметива работата на реглерот после 15 мин работа на колата, на запалена кола напонот треба да е 14.4в, но светла, парно, клима и др. ел. потрошувачи треба да се исклучени. Повеќето аута ќе работат ако ја извадиш едната клема, тоа е сигурен знак дека реглерот е во ред, но моторот треба да продолжи до работа при макс. оптовареност на инсталацијат. Ако немате true rms мултимер или осцилоскоп не мерете напон на клемите во овај случај, ќе добиете лажна слика.
Дисфункцика на само една диода може да доведе до привидна не исправност на реглерот, а ако не се отстрани дефектот на време, може и да го оштети реглерот па и намотките.
Ако е прегорена една диода се добива лажна слика дека се е во ред, но не е па акумулаторот се празни по неприметно, а напонот изгледа како да е во ред.
Максималниот напон и со 2 исправни диоди ( од вкупно 6) ќе ги достигне тие 14.4в, но кога не е оптоварена инсталацината. Кратко речено, диодната плоча лесно се проверува со мултимер и доколку има сомнеж во алтернаторот добро е прво таа да се провери. Алтернаторот се откачува од инсталација па се мерат диодите.
И на крај останаа намотките. Прво се проверуваат визуелно, а за мерење на намотките треба башка уред. Дип метар, кој мери индуктивност на калем и треба да се спореди добиената вредност со табела од сервис мануалс. Со ом-метар тешко ќе утврдите неисправност на намотка. При мерење на намотките треба да е одлемена диодната плоча. Друг начин може да се измерат мерејќи отпор на висока фрекфенција, птпорите на сите три намотки треба да е идентичен. Малу комплицирано е ова, а и се уморив типкајќи на екран, ако е некој заинтересиран може да пише, ќе образложам по детално.
Секако, верувам дека нема да е на одмет некој да се надоврзе на муабетов или да ме корегира.