ме интересира како оди постапката за атестирање на мотор и дали е воопшто возможно да се заврши таква работа оти се изнаслушав пазарски муабети ова можи ова не можи итн...
се работи за вградување мотор 903ццм(југо 45/фиат 127, панда итн..) во Фичо и да пишува во сообраќајната 903ццм и 33kw а не да го вадам моторот и да ја враќам 750ката за на регистрација како што ми рекоа одредени луѓе
што се треба да се преправи по закон?
мајсторскиот дел ми е јасен
може бе... и на машински можеш да идеш, и во амсм прават атест на мотори... јас таму правев... еден од условите е да имашш докмент за моторот што го вградуваш.... или фактура или купопродажен на нотар.
ке треба да го измериш возилото на вага со новиот мотор и 2/3 резервоар наполнет, па таа маса ке ти биде впишана во сообраќајната...
бидејки знам во принцип (сум мењал и јас) држачите сите одговараат, ама знам и дека водната пумпа од фиќото со се перката не одговараат на тој мотор, ке мораш да изведеш електрична перка... е тука, исто така пази на тоа да нема кабли да штрчат и лоши споеви. мора да биде по ПС направен тој дел.... и тоа е тоа што ти треба, ке ти го сликаат фијакерот, од сите можни агли, ке се изнапотпишуваш по еден куп документи ке ти дадат соодветни папири и идеш да мењаш сообраќајна...
предупредување уште едно... ако случајно си турил зглобови наместо спојки, ке ти бараат документ од лиценцирана фирма за заварување... зашто нели, ја сечеш и заваруваш полуосовината... за на атест, можеш и со спојки да отидеш па после мењај...