Крцкањето трае за цело време? Додека е свртен воланот или додека си во брзина?
1) Трае само кога пример возам 20км/ч вртам десно (или лево) давам гас и крцка.
2) Истово се случува доколку стојам, ставам во прва брзина и тргнувам со со тргнување лево или десно. Доколку само тргам и не менувам правец односно одам право нема ништо.
Значи имам забележано доколку го правам истово прод број 2) а кривината сама си бара менување од 1 во 2 брзина, во моментот кога стискам кумплуг/менувам во втора брзина тоа крцкање го снемува и веднаш при менување во втора крцкањето си продолжува како во првата брзина. И после веќе дошло време за исправање на воланот и крцкањето престанува. Колку е по оштра кривината толку погласно е ова гребење/крцкање.
Иначе имав лупкање при мали нерамнини ама тоа беше до десниот стабилизатор и го сменив пред некој месец, лупкањето престана. Ама ова е сосема различен звук како некој виде на гребење/крцкање.
Ако не ќе пробам да снимам зошто се погласно станува.