Лесно е за монтажа. Џекот оди на аух, црвената жица на плус, црната на маса. Само стави мало парче двострана трака да го залепиш некаде да не ти тропа во возење адаптерчево.
Едит: Мислам дека овие адаптерчиња се моно, не стерео…
Го отворив денес радиото, пред да го извадам го проверив дијаграмот и гледам дека кај мене нема AUX букви на него.. после изгуглав и видов дека има две варијанти на моето радио: Skoda Stream mp3, кое има подршка за AUX, и Skoda Stream, кое наводно нема, иако во самите опции на радиото може да се избере AUX on/off...
Барав на интернет, но не најдов конкретен одговор, наводно постои некој начин да го "прелажеш" сигналот да оди преку CD changer во самото радио(ја имам и таа опција, на радиото покажува само NO CDC кога ќе ја изберам), мегутоа јас во колата немам CD changer и не можам да најдам информација дали мора веќе да има постоечки CD changer во колата или само треба ова уредов да го поврзам со жиците за CDC.
Да не имате некоја препорака за некој електричар во Скопје или некој што се занимава со вакви работи, да отидам и да дознаам за сигурно?