Дополнително прашање, колава има 120.000 км, и е од 2016 додина.
Ако се земе обзир дека е кола со 1.6 тона тежина а 1.5 мотор, кога би требало да очекувам да менувам Ламела ?
Нема правило, ќе почнеш да осеќаш на ногата, постепено ќе почне повисоко да фаќа куплунгот за да дојде до степен да потскокнува на поаѓање при отпуштање на куплунгот.
Јас изгледа имам „помека“ нога, до сега 4 коли што сум возел, не сум сменил сет, а додуше ни дискови
. Сеникот со скоро 300к км е со фабричен сет ама почнаа симптомите на ламелата што ги пишав погоре, додека замаецот спие, нема да тресе и слично, ама ако се менува најдобро е во пакет. Во секој случај има доста возење додека да дојде потреба од менување, ама тоа ќе си мисли новиот сопственик, јас да одморам некој ден па во потрага по Гранде бензињара, ама во друга тема тоа