Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2845605 пати)

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7035
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13860 на: 13 Август 2024, 17:41:27 pm »
Не може да нема грешка на дијагностика. Инаку сијаличето не би се уклучувало. Инаку таја серија имаат проблем со лентата на волан, ама дури не се види отпор на дијагностика и грешки, не може да кажам ништо.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2395
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13861 на: 13 Август 2024, 17:48:41 pm »
Како се проверва крив диск?
Кој би можел во Битола да измери кој е искривен?
Проблемот се јавува на кочење со поголема брзина, има тресење и вибрации на волан. Приметив викендот на слегвање ѓавато и буково затресува, не вервам да се прегрееани.
Еве сега слегов од Молика никаков проблем немаше. Разликата е  во брзината само.
Пакните се техтар гуми дот23та Петлас 225 45 18 .

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7035
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13862 на: 13 Август 2024, 17:53:30 pm »
Си пробал на поголема брзина (120) да кочиш? Дали има вибрации на педалата?

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2395
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13863 на: 13 Август 2024, 17:59:25 pm »
Да и нема на педала. Се осеќа поизразито на волан пред успорвање.
Пример од 120кмх стискам кочница и накај 80 или 70кмх веќе треси. Ја отпуштам и нема ништо....
Стискам пак нема и по некоја секунда пак има вибрации. Низ град ништо нема никаков проблем.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7203
  • Бенве сие бенве
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13864 на: 13 Август 2024, 18:00:42 pm »
Има алат, се вика компаратор, не се проценува тоа со притискање на педала.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2395
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13865 на: 13 Август 2024, 18:02:49 pm »
Алат има да. Сега уште механичар шо знај да го користи. Не да ми речи сите 4 да ги смениме за сигурно ...

Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 336
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13866 на: 13 Август 2024, 18:03:58 pm »
Не може да нема грешка на дијагностика. Инаку сијаличето не би се уклучувало. Инаку таја серија имаат проблем со лентата на волан, ама дури не се види отпор на
дијагностика и грешки, не може да кажам ништо.
@nestor04 на ова мислиш?

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7035
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13867 на: 13 Август 2024, 18:04:35 pm »
Да и нема на педала. Се осеќа поизразито на волан пред успорвање.
Пример од 120кмх стискам кочница и накај 80 или 70кмх веќе треси. Ја отпуштам и нема ништо....
Стискам пак нема и по некоја секунда пак има вибрации. Низ град ништо нема никаков проблем.
Обично ова се симптоми на искривен диск. Најчесто се појавува на повисоки брзини. А за компаратор ретко кој механичар слушнал.

Не може да нема грешка на дијагностика. Инаку сијаличето не би се уклучувало. Инаку таја серија имаат проблем со лентата на волан, ама дури не се види отпор на
дијагностика и грешки, не може да кажам ништо.
@nestor04 на ова мислиш?
Да, ама не можам да нагаѓам. Сепак тоа е чест проблем. Најди добра дијагностика која може да чита srs модул, па видете која е грешката.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18198
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13868 на: 13 Август 2024, 18:58:43 pm »
Нон стоп ми се уклучува индикаторот за аибег, ја ресетирам ок е ден два после пат се појавува, под седиштата спојките ок се, а светна после смукалка, треба да барам автоелекричар, електроничар ...

Ако имаш навика да ставаш колено на долниот дел од предните седишта (особено совозачкото) додека чистиш со правосмукалка, многу веројатно го имаш оштетено "сензорот" за патник.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7270
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13869 на: 13 Август 2024, 21:51:39 pm »
Тоа беше чест проблем и кај 147, јас го решив со лемење. Се нема појавено грешка од тогаш.

Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 336
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13870 на: 14 Август 2024, 07:04:01 am »
Нон стоп ми се уклучува индикаторот за аибег, ја ресетирам ок е ден два после пат се појавува, под седиштата спојките ок се, а светна после смукалка, треба да барам автоелекричар, електроничар ...

Ако имаш навика да ставаш колено на долниот дел од предните седишта (особено совозачкото) додека чистиш со правосмукалка, многу веројатно го имаш оштетено "сензорот" за патник.

Можно е, така ги чистам, ќе почнам од овие сензори па ќе видиме после и во воланот. Фала.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7432
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13871 на: 14 Август 2024, 07:30:27 am »
Алат има да. Сега уште механичар шо знај да го користи. Не да ми речи сите 4 да ги смениме за сигурно ...

Еве прочитај јас шо измерив кај мене, да не пишувам пак, во оваа тема цел процес е кажан.

https://forum.carclub.mk/index.php/topic,9140.msg1196133.html#msg1196133

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7035
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13872 на: 15 Август 2024, 17:08:01 pm »
@tomaso што испадна на крај?

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7906
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13873 на: 15 Август 2024, 17:40:24 pm »
Момци, освен Порше Македонија, кој друг би можел да сервисира сончево кровче кај нас и во регионот? Се работи за Q5 од 2018-та. Гумата под кровот е отидена, и на неколку места што прашавме, муабетот беше дека не се продава само гумата, што ми е тешко за верување.

Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7035
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13874 на: 15 Август 2024, 17:41:46 pm »
Не се најдува гума за сончев кров (барав и јас). Премачкувај ја со Gummipflege од Ликви Моли после перење, ако не најдеш такво нешто тогаш silicone spray. За кровови го препорачуваат Даре Илиевски (пребарај на фб) од Ск.
Се надевам нема да се лути (ако го чита форумов) што споделувам линк до негов профил, но сепак е во врска со услугата што ја нуди:
https://www.facebook.com/dare.ilievski.9?mibextid=ZbWKwL