Бев вчера на Пиволенд да видам што пивца има и...
Не успеав да видам се, пошто како седнав на шанк кај Темов, таму останав цела вечер.

Пофалба за мајсторите пивари од микропиварата Темов, одлично си ја работат работа и пивата навистина им се „крафт“ пива. Портерот им е толку јебено добар, што се заебав прв што го пиев - требаше како шлаг за на крај да го оставам (иако секако со неколку портери ја завршив вечерта). Пивото (портерот) има квалитет на ниво на комерцијалните варијанти (и изнад), со додатен бонус дека пивото е неконзервирано со миљон хемии и како некомерцијално пиво остатоците од квасецот е тоа што дава посебен шмек (ова посебно е изразено кај нефилтрираните пива).
„Главата„ на пивото е одлична - „глава“ е пивски жаргон за пената на пивото. Пената е фина и останува долго над пивото (а пената е состабен дел од вкусот на пивото). Ова всушност е одлика на сите нивни пива (тие што ги пробав, а малку што не пробав од вчерашната понуда). Како за разлика ете споредете ја пената на било кое пиво од скопска/прилепскодабовска/итн пивара... Од плафон сипајте го пивото во чашата, после една минута веќе нема ИЧ пена да има.
Данкелот исто им е добар (темникаво нефилтрирано пченично пиво), вејзенот им е одличен (светло нефилтрирано пченично пиво кое во Темов си го крстиле
Вајс), ИПА-та им е прилично добра иако јас лично не сум голем љубител на ИПА (India Pale Ale, горчливо пиво со многу хмељ). Калдрма им е полутемно пиво зачинето со чаден слад, вкусот подсеќа на виски стареено во дабово буре со прегорена внатрешна страна (така да којзнае можеби употребиле и дабов чипс во процесот).
Лагерите и пилснерите не им ги пробав пошто тие секогаш ми се на крај на листата и посебно не кога има други пива како горенаведените, башка што едноставно морав да испијам неколку портери за крај на вечерта.

Јaс не сум некој софистициран пивски сомелиер но имам во животов испиено подоста разни пива и можам да кажам дека овие од Темов се таму горе со најдобрите од нив. Секоја чест за пивата, морам да ги најдам луѓето и да им идам на гости таму во пиварата да направам лаф муабет со мајсторите.
Поздрав и до девојките и дечките од штандот на Темов, и фала за пивцата што ги частевте. Одличен однос со посетителите, и добра атмосфера - уште една реткост на
Пивопанаѓур Пиволенд.

П.С. Не можам да им се изначудам на мнозинството посетители кои на саем за пиво пијат скопско или даб... Аман, цела година се пијат тие пива и ги има во секоја маалска кооперација - а убави увозни пивца ретко се има можност да се попијат овде во Македонија (минус тие што ги има во неколку поснабдени продавници).