Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Абе, ви стаса купусот?Нашиот годинава (повторно) одличен, а богами и првата јува се проба денес.(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)Бистра, црвенкасто-розева боја, исклучителен киселкасто-солен вкус со арома на бардовски купус и чиста вода од Скопското поднебје, со примеси на крупна сол и зимски ароми.
Цитат: zeroSignal на 06 Декември 2015, 19:22:43 pmАбе, ви стаса купусот?Нашиот годинава (повторно) одличен, а богами и првата јува се проба денес.(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)Бистра, црвенкасто-розева боја, исклучителен киселкасто-солен вкус со арома на бардовски купус и чиста вода од Скопското поднебје, со примеси на крупна сол и зимски ароми.Подобар лек за мамурлак од расолница или јува или ватевр НЕМА!
Цитат: Дибидус на 22 Октомври 2015, 16:18:37 pmДечки дај предложете ресторан во Кратово каде прават добра пастрамајлија. Знам дека нема некој поголем избор но претпоставувам дека некој веќе бил па знае. Цитат: Allexxander на 22 Октомври 2015, 16:21:00 pmКај Кузе.Денеска бевме со пријатели во Кратово на пастрамајлија во биртијата "Кај Кузе". Велам биртија пошто не знам како да ја наречам. Да не го тупам многу:- Услуга катастрофа. Еден келнер задолжен за цела биртија. Ќе донесе пијачки ќе заборави чаша. Ќе донесе салата ќе заборави прибор за сите. Што и да порачаш ќе почекаш и тоа бајаги.- Хигиена катастрофа. Тоалетите се понечисти од јавен тоалет на автобуска станица. Прибор нечист, чашите со флеки, неисушени од миењето, ако воопшто ги миеле. Чаршавот на маса прљав, нема салфетки.- Ентериерот биртиски. Ништо посебно. Тотално разочарување. Никаков амбиент. Нема греење, гостите седат во јакни. Барем да ставеле јамболии ем гостите ќе се стоплат ем ќе им биде нешто во етно стил. - Храната (од она што пробавме) вкусна. Шопската им беше вкусна само голема шопска кај нив не е баш голема како на други места. Пастрамајлијата им беше единственото нешто што не е разочара. Вкусна, не штеделе на суво месо. Оценка 5. Друго од храна не ни пробавме.Вкупна оценка незадоволителна. Лично не го препорачувам како место каде можеш да се опуштиш, да јадеш и да уживаш. Не дека имам некои посебни очекувања но биртијава не вреди да се посети. Е сега, одма спроти биртијава има ресторан Александрија, пријателиве ми ја препоручија, еден Кратовец пред да отидеме таму исто така ни рече да одиме во Александрија а никако Кај Кузе ама јас ливада отидов во биртијава. Следниот пат ќе одам во Александрија. Кафе пиевме во Инглиш Паб долу кај плоштадот. Прекрасно место, полно со млади луѓе и прекрасна атмосфера. Вреди да се посети.
Дечки дај предложете ресторан во Кратово каде прават добра пастрамајлија. Знам дека нема некој поголем избор но претпоставувам дека некој веќе бил па знае.
Кај Кузе.