Автор Тема: Храна  (Прочитано 1480764 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: Храна
« Одговори #5220 на: 02 Декември 2015, 23:47:02 pm »
Неандерталец!!!
На нога ли се јаде бе мајку му стара... Па седни пушти филм, на кауч, па кока кола зеро, па помфритче. И 50 ќе отидат како од шала. Не вака како животиња бре!

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6707
Одг: Храна
« Одговори #5221 на: 03 Декември 2015, 07:23:06 am »
Најјако видео му е со буритото огромно кога го стегна за под 2 минути хаахахха.

Еве го  :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8372
  • Плинаш!!!
Одг: Храна
« Одговори #5222 на: 03 Декември 2015, 10:24:42 am »
Да го пофалам бурекот со месо од Цујо. Оддамна немам пробано толку вкусен бурек.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3159
Одг: Храна
« Одговори #5223 на: 05 Декември 2015, 00:19:53 am »


Го посетувам до летоска 100%.

http://www.restoran-trnjanka.hr/

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22378
Одг: Храна
« Одговори #5224 на: 05 Декември 2015, 12:07:38 pm »
Препорачувам дупли донер кај нова Железничка, за оние кои не им се оди до Чаир. ( и таму е топ, поготово порција 200 денари со Пепси).
Тука има и пилешки и телешки.
Работи цела вечер.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30819
    • CARclub.mk
Одг: Храна
« Одговори #5225 на: 06 Декември 2015, 19:22:43 pm »
Абе, ви стаса купусот?

Нашиот годинава (повторно) одличен, а богами и првата јува се проба денес.



Бистра, црвенкасто-розева боја, исклучителен киселкасто-солен вкус со арома на бардовски купус и чиста вода од Скопското поднебје, со примеси на крупна сол и зимски ароми.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18169
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Храна
« Одговори #5226 на: 06 Декември 2015, 20:02:04 pm »
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4103
  • MadaFunker
Одг: Храна
« Одговори #5227 на: 06 Декември 2015, 20:26:58 pm »
Абе, ви стаса купусот?

Нашиот годинава (повторно) одличен, а богами и првата јува се проба денес.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Бистра, црвенкасто-розева боја, исклучителен киселкасто-солен вкус со арома на бардовски купус и чиста вода од Скопското поднебје, со примеси на крупна сол и зимски ароми.

Подобар лек за мамурлак од расолница или јува или ватевр НЕМА!
New blood of old school

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: Храна
« Одговори #5228 на: 06 Декември 2015, 20:36:42 pm »
Абе, ви стаса купусот?

Нашиот годинава (повторно) одличен, а богами и првата јува се проба денес.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Бистра, црвенкасто-розева боја, исклучителен киселкасто-солен вкус со арома на бардовски купус и чиста вода од Скопското поднебје, со примеси на крупна сол и зимски ароми.

Подобар лек за мамурлак од расолница или јува или ватевр НЕМА!

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8372
  • Плинаш!!!
Одг: Храна
« Одговори #5229 на: 06 Декември 2015, 20:44:18 pm »
Абе, ви стаса купусот?

Нашиот годинава (повторно) одличен, а богами и првата јува се проба денес.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Бистра, црвенкасто-розева боја, исклучителен киселкасто-солен вкус со арома на бардовски купус и чиста вода од Скопското поднебје, со примеси на крупна сол и зимски ароми.
Стаса стаса. Вчера за првпат годинава се правеше подварок со пушено мевце.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8386
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Храна
« Одговори #5230 на: 07 Декември 2015, 11:10:10 am »
Се преточи виното вчера. Си го пробавме Вранецот, Ризлингот и Смедеревката. Ризлингот врв како и секоја година. Вранецот пекмез! Бишокот тазе е заклан. Лути чушки преферирам наместо зелка. Вчера и пити опнавме  :P

Сезоната е во тек  ;D

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Храна
« Одговори #5231 на: 07 Декември 2015, 19:25:14 pm »
Дечки дај предложете ресторан во Кратово каде прават добра пастрамајлија. Знам дека нема некој поголем избор но претпоставувам дека некој веќе бил па знае.
Кај Кузе.

Денеска бевме со пријатели во Кратово на пастрамајлија во биртијата "Кај Кузе". Велам биртија пошто не знам како да ја наречам. Да не го тупам многу:

- Услуга катастрофа. Еден келнер задолжен за цела биртија. Ќе донесе пијачки ќе заборави чаша. Ќе донесе салата ќе заборави прибор за сите. Што и да порачаш ќе почекаш и тоа бајаги.

- Хигиена катастрофа. Тоалетите се понечисти од јавен тоалет на автобуска станица. Прибор нечист, чашите со флеки, неисушени од миењето, ако воопшто ги миеле. Чаршавот на маса прљав, нема салфетки.

- Ентериерот биртиски. Ништо посебно. Тотално разочарување. Никаков амбиент. Нема греење, гостите седат во јакни. Барем да ставеле јамболии ем гостите ќе се стоплат ем ќе им биде нешто во етно стил.

- Храната (од она што пробавме) вкусна. Шопската им беше вкусна само голема шопска кај нив не е баш голема како на други места. Пастрамајлијата им беше единственото нешто што не е разочара. Вкусна, не штеделе на суво месо. Оценка 5. Друго од храна не ни пробавме.

Вкупна оценка незадоволителна. Лично не го препорачувам како место каде можеш да се опуштиш, да јадеш и да уживаш. Не дека имам некои посебни очекувања но биртијава не вреди да се посети.

Е сега, одма спроти биртијава има ресторан Александрија, пријателиве ми ја препоручија, еден Кратовец пред да отидеме таму исто така ни рече да одиме во Александрија а никако Кај Кузе ама јас ливада отидов во биртијава. Следниот пат ќе одам во Александрија.

Кафе пиевме во Инглиш Паб долу кај плоштадот. Прекрасно место, полно со млади луѓе и прекрасна атмосфера. Вреди да се посети.

Денеска јадевме пастрамајлија во Кратово во ресторан Александрија. Не ме бендиса многу. Тестото беше вкусно но месото промашено, не беше како треба. Бев и во Кану ама не служеа во моментот кога отидов. Следна дестинација за пастрамајлии ќе биде Штип. Кратово дефинитивно испадна од игра.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Храна
« Одговори #5232 на: 07 Декември 2015, 20:30:14 pm »
во штип, неколку пати последователно пастрмајлија во ТРОЈКА... убави и вкусни... препорачувам...малку е бед филмот што паркирањето е зонско таму...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22378
Одг: Храна
« Одговори #5233 на: 08 Декември 2015, 12:06:35 pm »
Подобри се од швајцованите во Даблин?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11177
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Храна
« Одговори #5234 на: 08 Декември 2015, 13:39:24 pm »