Не го знам критериумот за премрсен бурек, досега не ми се случило такво нешто, но ми се случило посен бурек.
Исто како да јадам некаква баница, да не кажам кифла, леб или слично.
Бурек мора да биде мрсен за да биде бурек.
Горните кори крцкави ко чипс во златно бронзена боја, внатрешните да бидат сочни и да се топат во уста.
Никако горните црносивкасти и жилави, и внатрешните да не бидат суви и дебели.
Последен убав бурек имам јадено во златно зрно во Ѓорче кај Мирко пред пет-шеснаесет години, сум заборавил упм.
Одличен веќе не ни паметам, се ми се чини во Охрид таму почеток на 90ти, во една бурекџилница кај Чинарот.