Прво..
Backyard во склоп на Мондано Спортскиот центар позади ЈБТ...страшен кувар изгледа имаат.
Абе се им е ем добро, ем ценовно пристапно ем количински солидно ем сервирано убаво.
Не ме разочарале ниту еднаш, а сум порачувал клуб сендвичи, мала топла даска , пастрмајлија, цезар, стекови, десерти...
Второ..
Пласет до Седмица што е..одете порачајте дулум пита голема..со телешко месо.
Добиваш голема а тенка тортиља ПОЛНА со месо.
Трето.
Стек од Латана со прилог пекарски компир и ориз и овчарска салата.
Стек поубав сеуште не сум пробал, а овчарската сама по себе е доволна да ме најаде.
Чекам да завршат со реновирање, па да им се вратам.
Прекраснотии.