Драги пријатели по храна, дали би можеле да препорачате ресторан во Кавадарци? Нешто фино, убаво, и да не прават проблем за деца.
Исто така, ако треба да се резервира претходно, би било добро да се знае. 
Bellisimo ако сакаш обилно и квалитетно да се најадиш со салати, скара и пица. нема потреба од резервација Кире се вика газдата и ке те смести за 10 секунди, цените се прилично ниски за квалитетот.
Малку поскапо и по- официјален амбиент Ексклузив, имаш малку поразлично мени, во смисол има и морско, бурито екстра големо и екстра добра пица.
Трет предлог е да се извозиш до Моклиште ресторанот, накај Витачево/Михајлово, исто добра скара и услуга.
Четврт предлог во центарот на градот, Стар балкан, салати , паста, пица и скара.
За Сите предлози дечките ке немаат проблем
