Во Кантина сум го јадел бургерот два пати. Првиот пат беше добар, вториот пат беше мање-више живо месото и не можев да го дојадам. Треба да им се нагласи дека треба да биде поубаво испечена плескавицата. Односно, да ја остаат да стигне на собна температура неколку минути пред да ја печат/пржат.
Во Скопје, добар бургер во последно време прават во Киоск. Also, стандардно добар е бургерот во Барбакан и добро е и во Рустикана, иако и таму не се конзистентни. Имаш океј бургери и во Бруклински, а ми препорачале и во MAD Kitchen & Bar, ама таму не сум јадел.