Автор Тема: Авијација  (Прочитано 166057 пати)

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2744
  • Слобода или смрт
Одг: Air crash investigation
« Одговори #390 на: 30 Март 2015, 17:30:20 pm »
А се согласуваш ли со мојот обид, незнам колку успешен, да се долови профилот на човекот врз основа на тоашто они ни го пласираат.

Тој е човек кој свесно и планирано го прави тоа и е толку опседнат за да биде познат  (така ни е кажано од истражителите)  а ризикува за неговиот подвиг да се открие од чукање на врата? Ти има логика тебе тоа?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Air crash investigation
« Одговори #391 на: 30 Март 2015, 17:30:31 pm »
Треба една тема да се отвори за Ван vs филипв, па кој сака нека им се придружи.

thanks but no thanks

Авиокомпанијата секако е виновна што му дозволила на таков човек да управува со авион.

Апсолутно. Ако нешто заслужува да биде конспиративно скриено, тоа е дека пуштиле нестабилен депресивец во пилотската кабина. Меѓутоа, цивилното летање е до толку регулирано што нема шанси да се скрие.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Air crash investigation
« Одговори #392 на: 30 Март 2015, 17:35:16 pm »
Згора на тоа се буниш и правиш драма. Крајно нечесно, лицемерно однесување. Политичар не ти е рамен.

Пред огледало си, за себе зборуваш?
Ај погледај го светскиот рекорд поставен од другар ти, каде во рок од неколку десетина секунди демек прочитал пост со долго мислење (а всушност ништо не прочитал), и не само тоа туку и стигнал да напише одговор. Дап сето тоа за тоа кратко време од неколку десетина секунди.
Ама у реду е разбирам јас, другарчиња се бранат и кога се криви ко грешен ѓавол...  ;D

Е да, еве го светскиот рекорд во аутореспонс (наводно Микрософт со новата верзија на Outlook ќе се обидат да постават нов рекорд):
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10430.msg751851.html#msg751851

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Air crash investigation
« Одговори #393 на: 30 Март 2015, 17:38:29 pm »
А се согласуваш ли со мојот обид, незнам колку успешен, да се долови профилот на човекот врз основа на тоашто они ни го пласираат.

Тој е човек кој свесно и планирано го прави тоа и е толку опседнат за да биде познат  (така ни е кажано од истражителите)  а ризикува за неговиот подвиг да се открие од чукање на врата? Ти има логика тебе тоа?

Можеби не сакал да отпочне разговор од страв да не го разубедат.

И јас како и повеќето, прв пат кога чув не ми се веруваше дека копилотот намерно го срушил авионот. Тоа што јас и ти не можеме да разбереме како некој може да се стави во таква ситуација и да ги разбереме неговите одлуки, не значи дека тие се невозможни. Секој ден се среќаваме со луѓе кои прават несфатливи работи.


@Van. Не ја префрлај топката. Во овој случај ти постапи нечесно и треба да се извиниш.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Air crash investigation
« Одговори #394 на: 30 Март 2015, 17:49:48 pm »
@Van. Не ја префрлај топката. Во овој случај ти постапи нечесно и треба да се извиниш.

Мислиш ти треба да се извиниш за постојаниот офтопик и замарања. Заради тебе и јас одам исто во офтопик, нешто што не го правам освен кога ти или другар ти нема да ме испровоцирате (со најдиректни навреди и клевети, другото 99% го игнорирам).

Туку работата е дека немаш што да кажеш и на оваа тема, освен она старото „им верувам на тие кои се обучени и овластени„. Ај трк сега назад во стадото, и немој да ти текне да се запрашаш:
- Зошто мистериозно го имат снемано флајт рекордерот за техничките податоци и зошто црната кутија со флајт рекордерот за аудио записите била компромитирана кога ја нашле?
- Зошто истрагата е пред експресно брзо затварање и заклучок - иако од докази за тоа што се случувало внатре во авионот, имаме само аудио записи од компромитирана црна кутија?


Каков човек? Врз основа на што ги донесе твоите заклучоци таков човек?
Врз основа на изјавите на тие кои се обучени и овластени да ја вршат истрагата. Не знам...
...не го пратам баш случајот.


Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Одг: Air crash investigation
« Одговори #395 на: 30 Март 2015, 19:00:51 pm »
- Зошто мистериозно го имат снемано флајт рекордерот за техничките податоци и зошто црната кутија со флајт рекордерот за аудио записите била компромитирана кога ја нашле?
- Зошто истрагата е пред експресно брзо затварање и заклучок - иако од докази за тоа што се случувало внатре во авионот, имаме само аудио записи од компромитирана црна кутија?

Тоа што ти пренесуваш нешто како факт, не значи дека е така. Ова е покажано неколку пати до сега на форумов.

Воопшто не се срамам од тоа што повеќе им верувам на оние кои се се обучени и овластени да ги вршат истрагите, одколку на експерти за теории на заговор.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Air crash investigation
« Одговори #396 на: 30 Март 2015, 19:03:07 pm »
FDR односно снимач на параметри на лет всушност во случајов многу многу нема што да открие или дооткрие. Авионот никогаш не беше изгубен од радар до моментот на ударот во планината или нешто кратко пред тоа, кога прошол испод 6800фт. Според стандарди на ICAO авиони користени во сообраќај мораат да имаат транспондер со мод S (сиера мод). Тоа значи дека на радарската слика што ја има контролорот се отчитува идентификациски код на авионот, брзина, хединг, висина... плус тоа овозможува работа на ТCAS - Систем за избегнување судари. Е сеа од него, односно радарската слика се гледа точно како летал... Што плус ќе дознаеме од FDR? Мислам не дека нема, ќе се види дали аутопилот е активен/неактивен, импут команди.... но што? Логиката кажува (барем мојата) дека линијата на спустот и те како е контролирана, и тоа на аутопилот. Се спушта со константна вертикална брзина, задржува константна брзина. Значи некој сакал така да лета. И секако ако тоа било неопходно, ќе јавеле, ќе имале сквок 7700 (general emergency), неможеле да јават па ќе имале 7600 (radio failure)....

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Air crash investigation
« Одговори #397 на: 30 Март 2015, 19:10:01 pm »
Е да, еве го светскиот рекорд во аутореспонс (наводно Микрософт со новата верзија на Outlook ќе се обидат да постават нов рекорд):
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10430.msg751851.html#msg751851

Не еднаш - два пати ти објаснив зошто толку брзо ти одговорив. Дрво да беше до сега ќе разбереше.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Air crash investigation
« Одговори #398 на: 30 Март 2015, 20:05:50 pm »

Силом прилике свесен сум за постењето на ТCAS, иако не знам како француските системи ја имаат имплементирано ти-кас функционалноста. Не знам од која верзија ти-кас се инкорпорира минимална безбедна висина, и што опрема имаат во таа француска контола на летање. Ама ако претпоставиме дека контролорот имал предупредување на висината на Germanwings 9525 - би било интересно да се слушнат аудио снимките од контролата на летање.

Иначе дали и без ти-кас предупредување дали навистина се било без основа за сомневање, може да се види од следнава ислустрација. Брзината на спуштање на Germanwings 9525 е некаде помеѓу паѓање како цигла и десцент (нормално спуштање).



Така да, не - не се согласувам со тебе дека „нема многу што да се дознае„ преку податоците од флајт дата рекордерот. Напротив.
Како што кажуваш и сам: дали аутопилот е активен/неактивен, импут команди, сите функции на авионот и автоматски и мануални, отварање/затварање на вратата кон кабината, обиди за отварање и евентулани одбивања на тоа од копилотот. МНОГУ има што да се дознае од флајт дата рекордерот.

Вака имаме само аудио снимки од компромитирана црна кутија, на кои наводно се слуша паника при крајот на летот и чукање на вратата. Пошто црната кутија била компромитирана - некој би можел да шпекулира дека снимката е подметната, и тој некој би бил исто толку во право колку и тие што (без докази) велат дека копилотот намерно го урнал авионот.
Сигурен сум дека само прашање на време е кога ќе излезат „докази„ дека копилотот бил:
(одбери произволно повеќе ентрија)
- педер
- муслиман
- оставен од девојката
- суициден
- наркоман
- с’рфал на интернет
- теоретичар на заговори
- вонземјанин од Алфа Кентаури
- сето ова погоре, заедно


Да го најдоа флајт дата рекордерот, сега немаше да се шпекулира. Ќе се знаеше.
Впрочем да не ја затвараат истрагата експресно бргу можеби и ќе го најдеа флајт дата рекордерот (ако веќе не е во нечиј џеб/фиока).
Освен тоа, нели и дуплицирани/редундантни се црните кутии?
FDR односно снимач на параметри на лет всушност во случајов многу многу нема што да открие или дооткрие.
...
Што плус ќе дознаеме од FDR? Мислам не дека нема, ќе се види дали аутопилот е активен/неактивен, импут команди.... но што? Логиката кажува (барем мојата) дека линијата на спустот и те како е контролирана, и тоа на аутопилот. Се спушта со константна вертикална брзина, задржува константна брзина. Значи некој сакал така да лета. И секако ако тоа било неопходно, ќе јавеле, ќе имале сквок 7700 (general emergency), неможеле да јават па ќе имале 7600 (radio failure)....

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Air crash investigation
« Одговори #399 на: 30 Март 2015, 20:34:17 pm »
1. TCAS = Traffic collision avoidance system, е систем кој штити од судар со друг авион. Веројатно мислиш на GPWS - Ground proximity warning system???
2. Не е редундантна нити постои ICAO регулатива да биде.
3. Снима окулу 100 параметри, во зависност од препораките издадени од производителот и од локалните регулативи каде што е регистриран воздухопловот. Door lock или обид за отварање на врата верувај, не снима!
4. Се сложувам дека најубаво е да се најде и ФДР-то па да се затвори истрагата... иако никој сеуште не спомна затварање или официјален репорт.


Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Air crash investigation
« Одговори #400 на: 30 Март 2015, 20:36:45 pm »
Не се сложувам дека е измеѓу цигла и нормално. На прометни аеродроми и те како знае прилазот да биде и со повеќе од 2500 фита удоле... А дека е поприлично многу да.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Air crash investigation
« Одговори #401 на: 30 Март 2015, 20:54:04 pm »
Брзината на спуштање на Germanwings 9525 е некаде помеѓу паѓање како цигла и десцент (нормално спуштање).

Во многу вообичаени ATC сценарија нормалните спуштања се пострмни од уривањето на Germanwings.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Air crash investigation
« Одговори #402 на: 30 Март 2015, 22:02:40 pm »

Ми објаснуваа на времето дека GPWS алертите земаат предимство пред ти-кас алертите.
Инаку за она во врска со истрагата, гледам на си-ен-ен и на фокс дека главниот обвинител веќе изјавил дека копилотот бил суициден - па одтаму на нетот има шпекулации дека истрагата најверојатно бргу ќе се заврши.

Во врска со брзината на спуштање.
Типичен десцент 1.5~2к фити во секунда (со 2.5к екстрема, како што велиш)
Germanwings 9525  3.4к к ф/с
Паѓање ~ ф/с

Ти знаеш за случаи со екстреми од 2.5к ф/с спуштање, ама ете баткава од постов погоре изгледа знае подобро - за него „нормалните спуштања се пострмни од уривањето на Germanwings„.    :D

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Air crash investigation
« Одговори #403 на: 30 Март 2015, 22:30:03 pm »
Финалниот репорт го издаваат воздухопловните власти а не јавниот обвинител. Тој врз основа на репортот може да покрене обвинение против некој (субјект во случајов) или не. Не сум правник ама горе доле така е.
Дисент рејт кај некои авиокомпани и 3000фт/мин се смета за нормален. Денешниве авиони и те како се способни и за поголеми вредности. Дисент рејтот зависи најчесто од контролорот, може да те спушта со време па сето тоа да бите во тие граници што ги спомнуваш, а може да те држи високо заради сообраќај и да ти каже (просто кажано) шибај мали тебе ти е ред снајди се. Е тогаш извлекуваш спојлери и идеш удоле и со 3500+. Па сеа ти види....

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Air crash investigation
« Одговори #404 на: 30 Март 2015, 22:31:39 pm »
Колку е убаво во тема кога ќе се приклучи некој кој има реално искуство, а не некој што само прочитал нешто дека му било интересно и мисли дека има големо познавање :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.