Силом прилике свесен сум за постењето на ТCAS, иако не знам како француските системи ја имаат имплементирано ти-кас функционалноста. Не знам од која верзија ти-кас се инкорпорира минимална безбедна висина, и што опрема имаат во таа француска контола на летање. Ама ако претпоставиме дека контролорот имал предупредување на висината на Germanwings 9525 - би било интересно да се слушнат аудио снимките од контролата на летање.
Иначе дали и без ти-кас предупредување дали навистина се било
без основа за сомневање, може да се види од следнава ислустрација. Брзината на спуштање на Germanwings 9525 е некаде помеѓу паѓање како цигла и десцент (нормално спуштање).
Така да, не - не се согласувам со тебе дека „нема многу што да се дознае„ преку податоците од флајт дата рекордерот. Напротив.
Како што кажуваш и сам: дали аутопилот е активен/неактивен, импут команди, сите функции на авионот и автоматски и мануални, отварање/затварање на вратата кон кабината, обиди за отварање и евентулани одбивања на тоа од копилотот. МНОГУ има што да се дознае од флајт дата рекордерот.
Вака имаме само аудио снимки од компромитирана црна кутија, на кои наводно се слуша паника при крајот на летот и чукање на вратата. Пошто црната кутија била компромитирана - некој би можел да шпекулира дека снимката е подметната, и тој некој би бил исто толку во право колку и тие што (без докази) велат дека копилотот намерно го урнал авионот.
Сигурен сум дека само прашање на време е кога ќе излезат „докази„ дека копилотот бил:
(одбери произволно повеќе ентрија)- педер
- муслиман
- оставен од девојката
- суициден
- наркоман
- с’рфал на интернет
- теоретичар на заговори
- вонземјанин од Алфа Кентаури
- сето ова погоре, заедно
Да го најдоа флајт дата рекордерот, сега немаше да се шпекулира. Ќе се знаеше.
Впрочем да не ја затвараат истрагата експресно бргу можеби и ќе го најдеа флајт дата рекордерот (ако веќе не е во нечиј џеб/фиока).
Освен тоа, нели и дуплицирани/редундантни се црните кутии?
FDR односно снимач на параметри на лет всушност во случајов многу многу нема што да открие или дооткрие.
...
Што плус ќе дознаеме од FDR? Мислам не дека нема, ќе се види дали аутопилот е активен/неактивен, импут команди.... но што? Логиката кажува (барем мојата) дека линијата на спустот и те како е контролирана, и тоа на аутопилот. Се спушта со константна вертикална брзина, задржува константна брзина. Значи некој сакал така да лета. И секако ако тоа било неопходно, ќе јавеле, ќе имале сквок 7700 (general emergency), неможеле да јават па ќе имале 7600 (radio failure)....