Бачка, прав си кога велиш „како поише дискутирам на темава така почнува и сомнежот„.
Така размислува нормален здрав ум. Остави ги на страна тие клишеата за теории на заговор. Нормално е да има сомнеж, не е нормално да се голта по дифолт се што е сервирано по медиумите, како тие официјалните меинстрим - така и оние сензационалистичките. Фактите се тоа што е потребно, а токму тие очајно фалат во овој случај.
Инаку шпекулации за контрола од земја има одамна. Сите технички и научни потреби за да се постигне далечинска контрола - постојат веќе некое време. Сите контроли во модерните воздухоплови се електронски, исто веќе некое време.
Мислам, реално... Ако можат од Невада со толкав тајм дилеј да управуваат дронови во (на пример) Пакистан, и тоа не зборувам за релативно лесни летови без многу маневри и на големи висини - туку на мали висини и со многу маневри, и во исто време контрола на оружјето и гаѓање на цели на земја - и тоа цели мали колку еден човек... Па колкав (технички) проблем е контрола на цивилен авион (зарем не е можно некој ден/месец претходно да се инсталира соодветната електроника).
Иначе тие теориите на заговор, сите што читале нешто за социјален инжинеринг знаат што е намената на „теориите на заговор„. Како полесно да скриеш нешто наочиглед на сите, освен самиот да извадиш луди глупи приказни, и да ги пласираш преку докажани пациенти кои се бават со тоа (како Миленко кај нас, на пример). Иако „приказните„ може да се (и
се) на вистинита основа - сепак се очигледно погрешни, и еднаш кога рајата ќе ја проголта причата во тој контекст, муабетот за таа тема станува „теорија на заговор„ и сите што зборуваат за тоа, се
лудаци и пациенти. Има многу примери, ама да не дрвам сега... касно е.
Дефинитивно има простор за размислување. Не најмалки за тоа од кои држави станува збор, кога зборуваме за соборувањето на авиониве. Во Украина кога падна авионот, тоа веднаш и без ронка реални докази беше искористено како изговор за санкции против Русија - иако до ден денес нема резултати од истрагата. Соборениот авион беше малезиски, а кај нив беше организиран паралелен меѓународен суд и на официјално судење американски претседател, и неколку владини претставници
беа осудени за злосторство против човештвото. Да, за ова не верувам дека кажаа на вести. Но фактите се тие.
Пред некоја недела Германија и Франција сами (без САД), отидоа во Русија и преговараа за примирје во Украина (против волјата на САД, кои одбија да присуствуваат). Се договори примирје, и сеуште трае. Но ете срушен е ГЕРМАНСКИ авион... на ФРАНЦУСКА ПОЧВА.
Случајност? Теорија на заговор??
Можеби. Но можеби и не. Јас како и да е, немам намера да летам со Виз, или било која германска/француска/руска/унгарска/малезиска/кинеска/итн авиокомпанија. И да, акциите на некои од тие компании паѓаат, а некој ќарува и од тоа.
Што и да е вистината, такви случајности не постојат.