Автор Тема: Авијација  (Прочитано 166048 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Air crash investigation
« Одговори #375 на: 30 Март 2015, 16:20:59 pm »
Within hours се знаеше дека:

1. авионот контролирано се спуштал, a не паѓал (тоа може секој кој има интернет да го види на flightradar24)

2. само еден брз поглед на олупината е доволен да се каже дали имало експлозија во авионот или некаков сличен тероризам. Ме мрзи да објаснувам како е јасно, но ако некој сака ќе објаснам.

Па така, легитимно е за многу кратко време да се каже дека нема индикации за тероризам. Тоа не значи „сигурно 100% нема тероризам“ како што „меѓу редови“ чита Van, туку баш како што вика: „нема индикации“. Кога нема - нема, шо да праиме? Да ги измислиме?

Нема тука ништо чудно. Тоа истото (дека нема индикации) го кажа within minutes не само белата куќа, туку и целата белосветска воздухопловна јавност:

http://www.airliners.net/aviation-forums/general_aviation/read.main/6351203/

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Одг: Air crash investigation
« Одговори #376 на: 30 Март 2015, 16:38:21 pm »
Тоа можеби и е така, ама ти Ван ни вистинските експерти (како Микси тука или Тhe force во ГМО) не ги слушаш што ти зборат. Си тераш по свое.

The Force никогаш не спомна дека е било каков експерт за ГМО, туку дека нејзините студии имаат само допирни точки со проблематиката. Да не се лажам случајно?

Kои се тие? Дали лажовот е еден ист, или постојат повеќе центри од кои потекнува лажењето?

Сите тие кои имаат било каква власт во рацете со било што, имаат и ексклузивно право да лажат. Не е битно кои се, битно се авторитет. Авторитетите лажат. Кој нема барем ронка способност за критичко размислување и здраворазумно расудување, слепо ќе верува во секаква прикаска што ќе му ја сервираат. Воедно, да му се серам на експертизата ;D

Присутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2744
  • Слобода или смрт
Одг: Air crash investigation
« Одговори #377 на: 30 Март 2015, 16:41:34 pm »
Миле да те поправам..

Во очите на филип лажат само комунистичките лидери!! Западњаци да лажат? Дај не зафракавај на западот е демократија нема лаги..

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Одг: Air crash investigation
« Одговори #378 на: 30 Март 2015, 16:49:22 pm »
До лани, кој веруваше дека е можно некој намерно да собори голем цивилен авион заради политичка корист?
Не само MH17, туку и MH370 потоа - кој сеуште е исчезнат без трага.

Затоа е нормално човек да се сомнева, и во случајов со Германвингс.

Да погодам, во чудесниот свет на Van, истрагата покажа дека платениците на Монсанто го срушија MH17?

Кога налудничави хипотези се пласираат во јавност како утврден факт, нормално е да постојат многу дезинформирани луѓе.

Најголема вина за таа дезинформираност ја имаа медиумите кои не проверуваат што пренесуваат и медиумите кои пренесуваат по нарачка. Но откако ставија интернет во Бардовци, ситуацијата почна да станува неподнослива.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Air crash investigation
« Одговори #379 на: 30 Март 2015, 16:56:03 pm »
И тука ли?

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Air crash investigation
« Одговори #380 на: 30 Март 2015, 16:57:38 pm »
Треба една тема да се отвори за Ван vs филипв, па кој сака нека им се придружи.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Присутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2744
  • Слобода или смрт
Одг: Air crash investigation
« Одговори #381 на: 30 Март 2015, 16:57:44 pm »
Нешто недостасува во приказната дека копилотот намерно и планирано го урнал авионот затоа што најавил “ќе направам нешто за цел свет да ме запознае“.. Во случај на такво сценарио тој не би си дозволил откривањето на неговото дело да се базира на лупање на врата во запис на црните кутии. Би оставил многу податоци кои ќе не уверат дека тој го направил тоа. Би се фалел со тоа! Едноставно човек не планира и изведува нешто вакво а да остави таков ризик никој да не дознае дека тој го направил тоа. Во тој случај му пропаѓа целата концепција и жртва што ја прави.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Air crash investigation
« Одговори #382 на: 30 Март 2015, 17:00:06 pm »
Цитат
Денес во 16:21:02 од Van »
Денес во 16:20:59 » од filipv »
Некој што нема проблеми со концентрацијата, во написот (погоре) од avherald.com би прочитал што точно пишува  (ваљда од патолошка потреба што побрзо да се реплицира, и недопрочитување на туѓите постови... АДД)   ::)

Таму никаде не велат дека Lufthansa A321 почнал да паѓа, туку дека:
...first officer observed an irregularity in the properties of the speed indication just prior to reaching FL310 and disengaged the autopilot, the aircraft in response began a descent that lasted for about one minute before the crew was able to stop the descent at FL270.

...електрониката (зарадени необјаснети причини) продолжила авионот да го насочува надолу под агол 3.5 степени (отстрана гледано, контролиран десцент.
About 45 seconds after the nose down began the first officer alerted the captain who took control of the aircraft, that at this time had reached a rate of descent of 4000 feet per minute and a pitch of -3.5 degrees. The captain provided a maximum nose up input which caused the aircraft to pitch up again and the rate of descent decreased and the aircraft entered level flight.


Што ако нешто слично се случило и со Germanwings 9525?
Истрагата да ги најдеше флајт рекордерите за техничките податоци, ќе знаевме... Ама нив ги нема, многу згодно за теоријата дека копилотот намерно го урнал авионот.
Францускиот обвинител веќе рекол дека случајот ќе се заклучи како намерно соборување на авионот од копилотот. Експресно бргу. Нема повеќе што да се види овде народе, ајде сите разлаз!  :P

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Air crash investigation
« Одговори #383 на: 30 Март 2015, 17:08:22 pm »
Ок е се тоа, и познати се заебанциите што ги имаат ербасите, ама има една работа што се разликува од случајот со германвингс. Имено во случајот со луфтханза како и со безброј други, пилотите прво имаат јавено дека неможат да одржат фл310 а веднаш потоа коа воспоставиле фл270 имаат објавено тревога (сквок7700)

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Air crash investigation
« Одговори #384 на: 30 Март 2015, 17:12:11 pm »
Цитат
Денес во 16:21:02 од Van »
Денес во 16:20:59 » од filipv »
Некој што нема проблеми со концентрацијата, во написот (погоре) од avherald.com би прочитал што точно пишува  (ваљда од патолошка потреба што побрзо да се реплицира, и недопрочитување на туѓите постови... АДД)   ::)

Според цитираното, ти си пишал по него. Не обратно. А како е тоа можно ако неговиот пост е под твојот? Еве како:

Оригиналниот пост ти е пишан во 16:08, па потоа го имаш едитирано непознат број пати. Последното едитирање е тоа што си го забележал во цитатот горе и е 3 секунди по одговорот на Филип. Што значи дека едитираш постови на кои веќе е одговорено.

Згора на тоа се буниш и правиш драма. Крајно нечесно, лицемерно однесување. Политичар не ти е рамен.



Треба ли сега јас да те прикажам како човек кој не разбира како функционира временското обележување на постовите и со тоа да го рушам твоето толкување на доказите за авионски несреќи кои воглавно се базираат на анализа на последователни настани?

Присутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2744
  • Слобода или смрт
Одг: Air crash investigation
« Одговори #385 на: 30 Март 2015, 17:13:52 pm »
@miksi
Во ред тогаш е возможно и следново сценарио.. Пилотот оди на пауза, авионот почнува да се спушта, копилотот навремено не приметува за тоа и кога гледа дека е премногу ниско ја согледува својата грешка и плашејќи се дека ќе ја изгуби работата (земајќи ја во предвид и претходната психичка растроеност) решава да го урне авионот.

Во овој случај вината не е само на копилотот туку има и нешто што всушност го стартува таквиот исход а тоа е неисправност на авионот..
А во извештајот не стои такво нешто туку пилотот е виновен 100% и тој го урнал авионот според претходно разработено сценарио елиминирајќи било каква вина на компанијата или производителот.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Air crash investigation
« Одговори #386 на: 30 Март 2015, 17:16:57 pm »
Авиокомпанијата секако е виновна што му дозволила на таков човек да управува со авион.

Присутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2744
  • Слобода или смрт
Одг: Air crash investigation
« Одговори #387 на: 30 Март 2015, 17:18:34 pm »
Каков човек? Врз основа на што ги донесе твоите заклучоци таков човек?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Air crash investigation
« Одговори #388 на: 30 Март 2015, 17:20:18 pm »
Ок е се тоа, и познати се заебанциите што ги имаат ербасите, ама има една работа што се разликува од случајот со германвингс. Имено во случајот со луфтханза како и со безброј други, пилотите прво имаат јавено дека неможат да одржат фл310 а веднаш потоа коа воспоставиле фл270 имаат објавено тревога (сквок7700)

Јасно е тоа, работата беше да се покаже дека многу варијанти се можни и дека единствено флајт рекордерот за техничките податоци може без лажење да каже што се  случувало.
Но него го нема, а црната кутија со флајт рекордерот за аудио записите била компромитирана кога ја нашле - наводно заради оштетување.

Значи од докази за тоа што се случувало внатре во авионот, имаме само аудио записи од компромитирана црна кутија. Но сепак истрагата е пред експресно брзо затварање и заклучок?

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Air crash investigation
« Одговори #389 на: 30 Март 2015, 17:26:50 pm »
Каков човек? Врз основа на што ги донесе твоите заклучоци таков човек?

Врз основа на изјавите на тие кои се обучени и овластени да ја вршат истрагата. Ако е така како што велат, тогаш компанијата е барем морално одговорна за ставање на животот на патниците во рацете на човек кои не би смеел да има таква одговорност. Не знам дали ќе има и правна одговорност, не го пратам баш случајот.