Пред некое време прашував зашто нема подобрани за патниците во авиони
Oд повеќе причини, секоја сама по себе доволна за напуштање на таа идеја:
1.а. 200 падобрани тежат. За разлика од возилата кои се тркалаат, кај авионите постои директна релација меѓу тежината и потрошувачката на гориво. Кај авионите бувално секое кило се брои и значи. Ако покрај гориво и патници авионот треба да носи и 200 падобрани, цената на летот ќе порасне толку што ќе стане нерентабилен.
1.b. 200 падобрани тежат. За да биде рентабилен летот, компаниите тежнеат да ги товараат авионите до максималната полетна тежина (
MTOW). Тоа значи за да се качат толку-и-толку падобрани, треба да се симна толку-и-толку патници, пошто авионот не може да полета над MTOW. Тоа значи дека цената на поединечната карта ќе рипне надвор од рамките на рентабилноста.
2. (ова е најважната причина). Си пробал да извадиш рака од прозор на кола која вози 200 на саат? Авионот крстари со околу 900 км/ч. Излегување од авион при таа (и многу помала од таа!) брзина значи инстант смрт од фрактури на повеќето коски. Тоа е удар во воздушен ѕид кој убива на лице место.
3.а. Авионот лета на 10+ километри висина. На таа висина нема доволно кислород за дишење, посебно не за некој кој до пред минута ширел гс во удобно седиште. Нагло изложување на толку редок воздух за организмот значи кобен шок.
3.b. Авионот лета на 10+ километри висина. На таа висина температурата е -40 или помалку степени. За некој човек облечен по кошуила и чорапи изложување на таа температура значи или инстант шок или смрт за минута-две. Особено нагло.
Комбинирај ги заедно причините 2, 3а и 3b. Ете затоа нема падобрани во патничките авиони.
Падобранците скокаат од даааалеку помали висини при дааалеку помали брзини и имаат напорен тренинг за сето тоа. А неспремни патници дури и ако имаат падобрани, веројатно нема ниту еден жив да се спушти со падобранот на земја.