Авион кој има кабина под притисок има да ја одбие колата како пинг понг топка. Зборуваме за авион, не за Цесна.
Ц. Ќе пројде и тоа како ќе пројде. Авионот ќе се дупне ко кинеска топка за на плажа и, ако разликата во притисоците е доволно голема, ќе се напраи конфети од експлозијата.
Теоретски не е возможно директно да се судрат, зашто автомобилот ќе заврши во прдните тркала на авионот.
Не мислев на тркалата. Мислев хипотетски, труп со труп. Замисли авион легнат „на стомак“, со собрани тркала и во неговиот труп со голема брзина бочно удира автомобил. Ќе се збрца у него, цел ќе пројде. Ако истото го направи со автобус колата ќе се напраи плескавица. Ама во трупот на авионот ќе влезе.
Врвот на крилото е доста ригиден и силен дел од авионот.
Ригидни се, но не особено. На врвовите на крилата не смееш ни да застанеш пошто ќе се извиткаат и/или скршат. Крупни и истовремено ригидни делови кај авионот, освен моторите, се носачите на крилата, главната греда во самото крило, носачите на моторите и стојниот трап. Друго се е меко и тенко, ако не заборавив нешто. На самиот авион се јасно означени точките каде што сервисерите смеат да згазнат, а да не пропаднат.
Порано, во минатото, крилата на авионите ги правеа да бидат што по ригидни, што потешко да се виткаат. Но, денес, напротив, намерно ги прават еластично да се деформираат.Кај некој голем боинг или ербас врвовите на крилата „патуваат“ многу метри нагоре-надоле во зависност од оптоварувањето и очигледно се виткаат при, на пример, слетување на немирно време.
Само мислам дека Филип малце подзаборави на законите на физиката, особено оној делот со масата и забрзувањето.
Зошто така мислиш?
ЕДИТ: Еве што се случува при многу, многу мали брзини. Возилово застанало дури кога стигнало до цврстиот компресор на моторот.

ЕДИТ 2: Еве и цесна вс волво. И тоа, пази, Волвото не е фронтално удрено каде што е најјако:
