Еве и оваа тема не сум ја видел а интересантна е. Ќе искоментирам само за кингеров пошто тоа прво прочитав а тешко ми е да читам 7 страни сеа.
Тотална неподготвеност на екипажот за VOR/DME приод на LQMO (Мостар) Да потсетам дека летаа со претседател. Значи ВИП лет. Приодот требал да биде разработен, мање више на памет да се знае а приодната карта да биде потсетник односно потврда. Притоа очигледно само една имале. Помешале точки и висини, на влезна точка у процедура биле испод минимална секторска висина. Во финал бараат по карта на која висина треба да бидат: "Види тамо 7-ма миља на која висина треба да бидеш? - 7 миља? хммм па еве тука сме кај минимумот... - Зашто радио висиномер имаш 500фт." И покрај тоа изостанува било каква реакција и на двајцата зашто уствари појма немале кај се и кај треба да бидат. Колку за споредба, 7 миља на LWSK (Петровец) е негде кај онаа црквичката односно паркинг еден на патот катланово - велес, 500фита се 150 метра. Епа каде?

7 миља без граунд контакт и на 150метра??? и ништо не презима..... Лудост или башибозук, сеедно. Му рече да го задржи на 2000 фита али овој другиов ни тоа не го направи.
Со почит кон погинатиот екипаж, можам да кажам дека муабетите од типот бил искусен пилот и Мостар го знаел на памет се гола вода. Го знаел да, последен пат летал 92' како студент на воена академија и тоа исклучиво VFR (визуелно), кое што летање е многу различно од IFR (инструментално). Обуката за IFR на вториот пилот исто така ми е дискутабилна пошто знам што им значи IFR во војска и каква обука имаат за истото.
За башибозукот на сите институции во МК кои што довел сите овие работи да се остварат нема ни да коментирам.
(пуууу колку го скратив тоа што мислев да пишам....)