Почнав и изгледав преку 20 Air crash investigation, какви глупости се дешаваат човече, какви мали грешки глупави тоа е нешто ненормално.
Последно баш вчера гледав за авионот што треабше да иде до Колумбија, Кали се „изгуби“ сврте на друг курс при слетување и оп планина. И се тоа пошто во компјутерот требаше да внесе до која точка да вози авионот и ја утна. Точката се викаше Roso стисна пилотот R и од понудените не виде што како е туку претпоставуваше дека првото понудено е росо стисна егзекјути и авионот сврте. па добро бе, таква грешка ја праам коа на телфон коа сакам да свртам на некој а имам повеќе контакти со исто или слично име, недозволиво е таква грешка за пилот со незнам колку саата искуство. Значи толку смешна грешка каде загинаа незнам 200 патници.
Исто DHL авионот што се судри со Рускиот, како побогу може такви грешки да се случуваат. Али ајде од грешките ваљда учат нешто и пилотиве и авиокомпаниите и производителите...
Инаку за нашиов случај, ова се ми е некако аматерски извештајот. Ако тоа стварно е пилотот онда ептен се понаша као да го ослободил авионот и авио просторот, може не е пијан ама нешто се занесува ептен. Како и да е, претседател е во прашање, што точно се десило нема да дознаеме НИЕ никојпат. Како што у секоја емисија кажуваат до несреќа не се доаѓа ако само едно елементче откаже, па и еден мотор даоткаже, авионите се способни да слетаат со 1 мотор. така да ВОР-от неможе да го бутне авионот.