Денеска не сум во можност да ја разгледам Алфата подетално, така да денеска ми е ден за размислување. Е сега проблемов е што кој и да прашам од механичар до другари, познаници сите ме разубедуваат од Алфата. Цело време имало нешто да се поправа на Алфата, скапо одржување, во скапото одржување посебно ми ја посочија предницата за која долни рамења биле 150 евра, после летви.... Во глобала сите ми препорачуваат да си земам нешто германско, по можност Голф заради ефтиното одржување. Голфовиве сите се 4 години постари за таа цена, но одржувањето било неколкупати поефтино. Ќе отидам денеска до продавницата за делови од Велес кај што купувам да се распрашам колку се основните работи за колава. Јас сум уште за Алфава само ме ставија во мисла малце механичариве тоа што ми советуваат.
И уште една работа да прашам, како може да видам дали Алфава стварно имам ЕСП. Дечково го има пишано во огласот но сама да се уверам за сигурно. Доста важна работа ми е тоа.