Автор Тема: Fiat Stilo - Airbag Failure  (Прочитано 1939 пати)

Отсутен tupacan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 156
    • Womans in your city for night
Fiat Stilo - Airbag Failure
« на: 26 Декември 2014, 13:23:48 pm »
Здраво на сите, одамна го читам форумов, има доста упатени и искусни дечки кои безусловно помагаат на другите, помалку упатени. :)

Вака сега, имам еден проблем. Вчера купив Stilo 1.9 jtd, 2002 година, со неколку ситни забелешки, но за перфекционист како мене и ситните се големи. Најголема (мене што ме највеќе нервира) е Airbag Failure. Како што ми кажа продавачот (и јас читав по интернет), било доста чест проблем со Stilo. Тој го ресетирал, но наводно кога ќе се помрдне било кое седиште, повторно се јавувала грешката. Се надевам дека ме разбирате. :D

Некој совет за проблемот како да се реши?

Сега за сега толку од моите прашања, понатаму ќе прашувам за другите.
Ви благодарам за времето на сите што ќе пробате да ми помогнете.

{edit} Не сум сигурен дали темава е на правото место. Доколку не е, преместете ја и извинете.
« Последно менување: 26 Декември 2014, 13:28:57 pm tupacan »

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Fiat Stilo - Airbag Failure
« Одговори #1 на: 26 Декември 2014, 13:31:22 pm »
Проблемот е чест кај сите коли со 3 врати, не е само твојата.

Еден наш форумџија, одамна има направено добро упатство за ова.

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,4575.0.html

Повели види, па нормално долгорочниот момент е да видиш како се движат каблите, да не се затегнуваат кај конекторите ... ако не е тоа проблем, секогаш може да се залемат :)
« Последно менување: 26 Декември 2014, 13:53:30 pm AllMightyMe »