Јас купив Бирт божем добра замена ги платив по 50 евра секоја и едната капут после 10.000 км другата така така. Гумиците истераа 15.000 км, сеа гледам знаат да пуштат некој звук на почеток додека загрее моторот.
Нит сум репарирал нит сум купил кинеско ѓубре. Во моментот тоа беше најдоброто.
Јас само споделувам искуства.
Инаку за комплет менување предница, подразбира и кратки и долги спони и стабилизатори.
Цената за менување предница е отприлика иста како и кај други коли со двојни виљушки. Е сеа за некој што е научен на подвозје ака Голф 1 тоа е друг муабет.
Не реков дека не треба да споделиш,таман работа,како инаку ќе дознаеме што е подобро а што не. Ако сите ќутат и дремат,не си признаваат кога купиле,ставиле нешто со сомнителен квалитет ништо не правиме.
Биртот ти се тука некаде со кинезарија,можда 10% подобро.Убаво ги разгледував и јас нив,дури бев и кај нив во канцеларија кај Дојрана,ме привлекоа цените.
Симо едната виљушка долна ја сменив,едната не. Десната си мислам дека беше,треба да проверам во тефтерчето оддамна беше.Уствари сите истото го кажуваме,почекај,присобери ги паричките што ти фалат и стај си оригинални делови. Само така ќе си мирен.