После второто расипување на Лагуната на татко ми и сумата од 700 евра која е потребна за истото, додено уште 450 евра од поправката од пред 1 месец решивме дека е време да си оди таа кола во одпад и да се купи другa. Заради лошото искуство и нервозите со Лагунава татко ми сака овој пат да земе нешто за што ќе има делови апсолутно секаде и што е ефтино за одржување. После гледањето на неколку коли(Астра Г, Голф 5 и 147) изборот падна на Голф 4 заради неговата застапеност кај нас.
Е сега не сум многу по Голфовиве па ме интересира некој совет, кој мотор се препорачува највеќе ? Правев тука муабет со едно мајсторче и ми препорача 90 или 110кс моторите, тој од 110кс има и варијабилен замаец, но цел сет со ламела и замаец се движел 200-250 евра што ми е прифатлива сума. За турбото, квалитетот на моторот и сл. кажува дека биле слични и дека и двете немале некој поголеми проблеми. Е сега сакам да слушнам повеќе мислења па затоа и го поставувам прашањево на форумов.
И трето и најважно, има ли некој да препорача некој Голф 4 кој е за продажба? Заради огромната популарност на оваа кола кај нас, 70% од сите Голф 4 се некој калемки а несакам да зимам таква. Од опрема потребно е само да има клима и електрика на предни прозори. Боја небитно, бандажи да се 16 макс иако претпочитам 15ка.