Автор Тема: Golf 4 1.9 TDI - Огласи, Препораки и сл.  (Прочитано 24394 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3824
Одг: Golf 4 1.9 TDI - Огласи, Препораки и сл.
« Одговори #90 на: 25 Декември 2014, 15:32:27 pm »
Слободно ставете локација тука. Кај него ќе ја однесам утре за предницата.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Golf 4 1.9 TDI - Огласи, Препораки и сл.
« Одговори #91 на: 25 Декември 2014, 15:49:27 pm »
Со здравје нека се вози алфата, Саше... Одличен избор, баш ми е мило... :)
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Golf 4 1.9 TDI - Огласи, Препораки и сл.
« Одговори #92 на: 25 Декември 2014, 19:44:33 pm »
Што коњажа ?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Golf 4 1.9 TDI - Огласи, Препораки и сл.
« Одговори #93 на: 25 Декември 2014, 19:54:52 pm »
Имаш ПП.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6602
Одг: Golf 4 1.9 TDI - Огласи, Препораки и сл.
« Одговори #94 на: 25 Декември 2014, 20:10:52 pm »
Што коњажа ?

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1459682
Пишува дека е M-jet, така да најверојатно е 140 коња.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Golf 4 1.9 TDI - Огласи, Препораки и сл.
« Одговори #95 на: 25 Декември 2014, 20:32:56 pm »
mjet има повеќе верзии ..

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13860
Одг: Golf 4 1.9 TDI - Огласи, Препораки и сл.
« Одговори #96 на: 25 Декември 2014, 20:44:14 pm »
Ти ги пишав поназад цените на одлични делови за предница.

Иначе што се однесува до тестот за колата.
Оди порано од сабаље.
Гледај колата да не била запалена. Сега е одлично време за дизели (ладно е).
Нека ја запали тој, па ти види од позади дали ќе зачади.
Види во меѓу време под кола дали нешто капело преку ноќта. Ако се цревата сотидени, можно е да има некоја капка масло. Ако најдиш нешто такво, искористи го за да му се исценкаш за подобра цена.

После тоа, кога ќе ја возиш. Изгасни радио и вози по дупки. Најди некоја калдрма нешто, некои камења.
Еднаш вози полека (мислам додека не е загреана). Тука треба да ги слушниш сите крцкања на гумици и тропкања на предницата. Значи треба да е тивко, да не чука ништо. Ако нешто тропка, крцка - пробај да го лоцираш звукот, па кажи ми од прилика што слушна.
После тоа вози малку побрзо по калдрмата. Не многу брзо, ама 30-40-45 км/ч колата треба да држи правец, да не влечи некаде и да биди се како погоре.

После тоа кога ќе загрее, лупни му ја втора јако до крај и трета до крај. Треба добро да те залепи на седиште.
Кога ќе ја лупниш втора јако од над 1700рпм, треба да ти се уклучи системот за против пролизгување.
Во меѓу време гледај на ретровизор дали чади. Нормално е да зачади еднаш, ама само еднаш и толку. После колку и да ја газиш, не треба да чади.

Тоа е тоа, од прилика.


1) Секој дизел на сабајле чади :) (сеа не велам да направи сињак позади кола ;D)
2) Секој дизел на полна туража чади :) и тоа облак прави
Решение: Адитив и то е то. Јас си немам ставено и секогаш кога ја лепам туражата си гледам огромен прдеш назад :D и си викам „курац треба да турам адитив“ :)
3) Секоја Алфа - крцка :D особено на ладно
4) Најубаво да проба за систем за пролизгување ASR  да свети и да ја шлајфова (малце ќе испадни курчење али :) ) особено на зебра на семафор да изгуби малце контакт. Ќе светни сијаличката на шалт табла а претходно ќе има еден трзај.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Golf 4 1.9 TDI - Огласи, Препораки и сл.
« Одговори #97 на: 25 Декември 2014, 21:06:15 pm »
Sashe

So arno I ubavo neka e, siguren sum deka kje imas ubavi momenti so nea, a ako mislis deka si se zeznal poveli I provozi se vo drugi polovni koli pa kje vidis vo kakva se ne sostojba koli ima. Sedisteto kje mu go najdes krajot, toa e samo da te potseti deka ocekuva vnimanie od tebe :)
I jas kako tebe, ne prvata ama vtorata kola sto ja vidov ja kupiv. Isto 147. Za sto I da treba tuka sme za soveti.


@MartinA
Se sprijateluvas so lugje a Zarko potpolno odgovara na znacenjeto na toj zbor.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3824
Одг: Golf 4 1.9 TDI - Огласи, Препораки и сл.
« Одговори #98 на: 25 Декември 2014, 21:36:42 pm »
Фала многу 8ца за информациите по ПП. Куоре, 115кс е колава. Утре ќе отидам до кај Жарко и ќе видам што дијагноза ќе даде за количево. Најитно треба да го направам тропкањето напред, голем сервис како и цревото под хауба. Другите работи потоа пополека ќе ги средувам потоа.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Golf 4 1.9 TDI - Огласи, Препораки и сл.
« Одговори #99 на: 25 Декември 2014, 21:42:41 pm »
Ако е 115 кс тоа е 8 вентилската верзија, исто како кај мене. Моторот е магаре :)

Менувачот ти е со 5 брзини?

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3824
Одг: Golf 4 1.9 TDI - Огласи, Препораки и сл.
« Одговори #100 на: 25 Декември 2014, 21:51:30 pm »
Со 5 брзини е менувачот, по документи е 85 kw, а и според винот толку.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5518
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Golf 4 1.9 TDI - Огласи, Препораки и сл.
« Одговори #101 на: 25 Декември 2014, 22:15:32 pm »
So zdravje da se vozi.
Mnogu bezgrizni kilometri.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3824
Одг: Golf 4 1.9 TDI - Огласи, Препораки и сл.
« Одговори #102 на: 26 Декември 2014, 00:09:51 am »
По се изгледа нема VDC колата, само ASR. Како што можев да видам кај мене при контакт ја нема таа сијаличката со триаголник заокружен со кружна стрелка, наместо нејзе има само знакче за ASR.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Golf 4 1.9 TDI - Огласи, Препораки и сл.
« Одговори #103 на: 26 Декември 2014, 08:56:14 am »
Не е исто?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3824
Одг: Golf 4 1.9 TDI - Огласи, Препораки и сл.
« Одговори #104 на: 26 Декември 2014, 09:03:26 am »
Па АСР мислам дека е само за пролизгување на погонските тркала. Не сум сигурен како е кај Алфа тоа со ознаките. Што се однесува со колата успеав денеска да средам да го добијам ТИФ от така да ќе ја носам уште денеска на регистрација.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA