За вентилаторска треба да имаш одвод за топол воздух/пареа, кондензациската ја кондензира пареата во сад или ја испумпува низ одвод.
Јас користам некоја ефтиноча Haier, која добро ме служи веќе 4 години, (еден лагер сменив на бубањ), брат ми користи Candy отприлика исто време, него грејач му цркна и програматор ако добро се сеќавам.. Двете се кондензациски, со тоа што мојата има можност и да ја собира кондензацијата во сад, и да ја исфрли со вградена пумпа во одвод (јас овој принцип го користам).