-бојлери...? ме зезаш горење? синерџи, елкетролукс, тингинокс, исеа, аирстон... со нив работам и ги гледам годиништа не се сменило ништо...
За другото не коментирам, за ова малку.
Тинг инокс ми е многу чкартовска фирма од една причина. Инаку прв бев за да се купи нешто од нив, прво заради иноксниот казан.
Еднаш решив и купив од нив. Поминав преку најгрдиот изглед на планетата земја, поминав покрај најнеквалитетниот лим со кој е изработен најгрдиот изглед, поминав покрај најгрдите пластични поклопци, поминав покрај најмизерната топлотна изолација од 3 сантиметра камена волна, поминав покрај најгрдото тркалце на термостатот. АМА никако не можев да поминам покрај најчкартните термостати кои ке ме запалеа жив кои им ги вградуваат. Во гарантен рок три пати доаѓаше сервисер и ми менуваше термостати. Значи четврти термостат ми работи на бојлерчето кое го платив најскапо на свет. 4200 денари за најгрдото нешто на планетава земја со надеж дека ке трае.
Више никад.
Аристон....
На секој 8 до 10 месеци сака чистење од каменец. Лимот на казанот е изработен како од печатарски лим. Тенок да потенок не може да биде. На лик е ок, останати пропратни делови ок.
За другите не можам да коментирам, сум немал искуство.
Леов, динамо хит, тие не ги рачунам, незнам зошто.
Горење има изработка екстра. Надворешна никаква замерка. Изолација од пурпена, односно како на фрижидер.
Казан од лим 2мм, двојно емајлиран. И уште еден куп работи околу гречај и заштити итн итн. По мое мислење е во моментот поскап двојно од конкуренцијата и тоа со оправдување.
Пример.
Аристон од 100 литра со спирала чини 7000 денари, а горењето беше околу 14 и нешто, на попуст е 12 700 одприлике.
Тинг инокс е 18 000 мислам, има предност што е иноксен казанот, но се друго му е срање.
Некој ке рече не го гледаш, точно, но вода во тинг загреана на 60 степени и во горење загреана на 60 степени, после 10 часови, разлика ке има од минимум 15 степени.
Како?
Е па горењето за 10 часа ке се олади околу 6 до 7 степени, односно од 60 температурата ке падне на 52 53 степени, а кај тингот ке биде на 40 до 43 степени. Во просторија со нормална температура од 20 степени целзиусови.
Ако преноќи, на горењето ке имаш 40 степени вода, а кај тингот ке имаш 25 степени.
Мислам дека ке се сложиш со оваа констатација.
Ако грешам, поправи ме те молам.

Поентата ми е не само дека изработката е во прашање, туку и економичноста.
Тоа влијае секако и на потрошувачката на енергија.
Инаку Тинг покрај сите недостатоци, повторно кај мене е на високо ниво единствено само заради иноксниот казан и неговата изработка (на казанот значи). Ништо друго!
Ти имаш поголемо искуство со овие уреди, бојлериве, тоа ти е во тесна врска со струката, но моето скромно искуство говори малку поразлично.