Автор Тема: Совет за бела техника  (Прочитано 602202 пати)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9532
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1455 на: 24 Декември 2020, 09:36:36 am »
Pa dobro izvestete gi deka saat vreme ke nema voda.

Spremete se i samo na kratko izgasete ja.

Tolku.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55268
  • Махер
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1456 на: 24 Декември 2020, 09:39:34 am »
Pa dobro izvestete gi deka saat vreme ke nema voda.

Spremete se i samo na kratko izgasete ja.

Tolku.
Нормално. Таман работа и за нивна безбедност е тоа!!!

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1838
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1457 на: 24 Декември 2020, 09:42:49 am »
Апсолутно, во спротивно може да настане низа на останати дефекти во други станови (бојлери, машини за садови, за алишта, итн итн итн)

Ќе се прави тој зафат во сабота, со претходна најава, со надеж дека ќе се избањам викендов ко човек :)

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1458 на: 24 Декември 2020, 09:48:54 am »
Еден вентил за вода во станот, еден за вертикала во зградата и еден за цела зграда. Зарем не е вака кај тебе?
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18054
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1459 на: 24 Декември 2020, 09:49:18 am »
Гнасо една небањата! ;D ;D ;D

Напред работа, и размисли за тоа што зборевме, па ако треба и прстен да купуваш за да се деси ;D

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1460 на: 24 Декември 2020, 09:53:23 am »
За традиционален почеток на работната недела, термостатот на бојлерот рикна во станот кај што седам во Центар, и најверојатно и серија останати дефекти.

Апдејт на цела сага дефекти, чисто да се насмеете: Купивме нов бојлер, Telefunken 80л, 2kW, 5000 ден од Сетек (толку му се даваше на газдата). Се тоа убаво, но новиот бојлер се уште си стои во кутија, а стариот на држачи бидејќи не можеме да ја исклучиме водата во станот.

- Главниот вентил за станот кај водомерот е целосно затворен, затегнат, а вода има за извоз, мислиш Студенчица е тука.
- Не може да се направи hot swap на вентилот бидејќи е голем притисокот на водата.
- Не може да се испразни бојлерот бидејќи е голем притисокот на водата.
- Ако се запри најглавниот вентил, ~100 станови нема да имаат вода (4 влеза од блокот во превод)

Абе трагикомедија, што да ви расправам.

Каде ти е водомерот? Јас имам еден вентил кај водомерот и еден после него во ВЦ-то, како сигурносен. Може ќе ти заврши работа.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1838
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1461 на: 24 Декември 2020, 09:55:12 am »
@bear во стан треба да има барем еден вентил (стандардно се два - пред и после водомер), кој во случајов е апсолутно разјаден и нефункционален, и постојано ја пропушта водата.

Тој за вертикалата за сите купатила над и под станов не знаеле кој е, бидејќи сите биле трули и скапани и мувлосани и што не. Јас го чекам денот кога некоја цевка ќе пукне во зградава од Градски ѕид од 71ва ( @osmica8 поправи ме за точната година )

А тој за цела зграда веќе е лоциран и ќе се исклучува во сабота.

@MartinAlfista се чувствувам како во 1920та да сум бидејќи си турам жешка вода со ѓезве од кофа поликолор  ;D ;D

@UrSa1986 треба да има, баш пишав горе, ама некој пред мене изведувал и играл дрндупка

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1085
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1462 на: 24 Декември 2020, 10:55:10 am »
затоа сега кажи му на газдата, кога ќе гасите вода за цела зграда, покрај бојлерот да се сменат и главните вентили во станот!

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7247
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1463 на: 24 Декември 2020, 11:10:52 am »
Мене ме чуди ако таа цевка не е од водомерот, тогаш каде се мери потрошената вода?!?


Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1838
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1464 на: 24 Декември 2020, 11:16:34 am »
Не знам искрено, има еден вентил под бојлерот кој ја запира топлата вода од мијалникот.

Има еден вентил под мијалникот кој ја запира топлата вода од мијалникот.

Има една умртвена цевка со две штопни на која се наоѓало нешто некогаш.

Мислам дека најбезболно ќе биде запирањето на најглавниот вентил, иако најрадикално.

Само од муабетов имам вртоглавица.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1465 на: 24 Декември 2020, 11:38:27 am »
Не знам искрено, има еден вентил под бојлерот кој ја запира топлата вода од мијалникот.

Има еден вентил под мијалникот кој ја запира топлата вода од мијалникот.

Има една умртвена цевка со две штопни на која се наоѓало нешто некогаш.

Мислам дека најбезболно ќе биде запирањето на најглавниот вентил, иако најрадикално.

Само од муабетов имам вртоглавица.

Запирање на главниот вентил ти е најдобро решение. Претходно извести ги Водовод (ама колку што гледам со нив сабота ќе затвараш) и обавезно испринтај известување во секој влез од зградата на кој ден од кога до кога ќе нема вода. За тој период, решавај проблем, ако можеш нови вентили функционални ставај, зошто поплава ќе ти се направи некогаш со огромни штети за тебе и за тие под тебе.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 916
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1466 на: 24 Декември 2020, 12:11:47 pm »
Прекини ја водата само додека го замениш вентилот кај водомерот, 10 мин,и после него затвори го и работи си на раат


Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1838
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1467 на: 24 Декември 2020, 12:49:16 pm »
Така така, тоа е целта, како и @Inter1 и @Deni што кажаа, најбрзински питстоп што може. На моменти низ сета мака ме фаќа смеа што немам воопшто почнато со бојлерот, али тоа е со старудии и крпеници.

Ќе пишам апдејт во сабота, надежно со убави вести. Во меѓувреме се почувствував вака:


Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
  • Сузуки Витариче
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1468 на: 24 Декември 2020, 13:45:21 pm »
Не знам искрено, има еден вентил под бојлерот кој ја запира топлата вода од мијалникот.

Има еден вентил под мијалникот кој ја запира топлата вода од мијалникот.

Има една умртвена цевка со две штопни на која се наоѓало нешто некогаш.

Мислам дека најбезболно ќе биде запирањето на најглавниот вентил, иако најрадикално.

Само од муабетов имам вртоглавица.

Обично вентилот под бојлерот е за да се сопре дотокот до него.
Ова кај тебе ептен измешано. Исто и мијалникот.
Потпис.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1838
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1469 на: 27 Декември 2020, 11:35:55 am »
Да бе, требаше апдејт да пишам.

Фаза 1)
Ја исклучивме водата во сите 4 влеза, го извадивме трулиот стар вентил пред водомерот. АМА, ама, после вентилот некој паметњакович ставил две гумици, па едната гумица под притисок се набила кон водомерот. Една хируршка интервенција, па наместо 10 минути, испадна пола саат да немаат сите вода. Сменет главен вентил во станот.

Фаза 2)
Следно беше да се испушти водата од стариот бојлер, за да може да се извади од држачите. Сигурен сум дека 50тина кила имаше, со бигорот внатре. Го изнесовме во ходникот, да не го гледам повеќе.

Фаза 3)
Следуваше преврзување на електричната инсталација од стариот на новиот кабел. Го направив јас бидејќи не му верував баш на мајсторот, плус знам дека нема да штедам на изолир на секоја од трите жици посебно.

Фаза 4)
Нормално дека старите држачи не одговараа, ни во ширина ни во дијаметар. Нови дупки, типлони, штрафови, шајбни и мутери и нов сигурносен вентил.

Фаза 5)
Монтирање и штрафење на новиот бојлер, пуштање на главен вентил, полнење на бојлерот со вода, проверка дали капи и дали грее нормално.

Фала курцу, работи и има надворешен потенциометар за регулација. 4 саати отепани во работна сабота.