Не знам што толку фобија од Беко.
Дома ми е речиси сВе Беко - аспиратор, вграден шпорет со плотна, фрижидер, вградена машина за садови, машината за перење и правосмукалка за колата.
Еднаш е сервисирана машината за садови, во гарантен рок. Ни зошто, ни како, никаков проблем, дојдоа, утврдија, заменија за пола саат.
Машината за перење сега ја заменив со Самсунг, не ради тоа што не бев задоволен, туку дека бубањот на Бекото бил премал. Самсунгов е за 8 кила, и бубањот е 15 сантими поширок и е стално полупразен сега.

Едина замерка беше исто со онаа на
@Bicikle , ако ставиш нешто потешко, премногу бучна беше и тресеше.
Не се расипа, туку четкиците се потрошија, и нејќев да се ебавам со мајстори, кога секако поголема ни требаше дома.
А на машината 6 години МАСТА, ЗНАЧИ МАСТА и е извадена. Две години сами со сопругата, и после речиси четири со бебе и мало дете. Ај детето што мора да се пере секој ден, ама и јас не дека сум болна педантерија... Сигурен сум дека преку 2000 циклуси ги сврте.
За 1000-ка се средуваше, ама ете...
Беко има добар сервис. Дечко од Велес работи за овој регион, и е супер стручен и услужлив.