За традиционален почеток на работната недела, термостатот на бојлерот рикна во станот кај што седам во Центар, и најверојатно и серија останати дефекти.
Апдејт на цела сага дефекти, чисто да се насмеете: Купивме нов бојлер, Telefunken 80л, 2kW, 5000 ден од Сетек (толку му се даваше на газдата). Се тоа убаво, но новиот бојлер се уште си стои во кутија, а стариот на држачи бидејќи не можеме да ја исклучиме водата во станот.
- Главниот вентил за станот кај водомерот е целосно затворен, затегнат, а вода има за извоз, мислиш Студенчица е тука.
- Не може да се направи hot swap на вентилот бидејќи е голем притисокот на водата.
- Не може да се испразни бојлерот бидејќи е голем притисокот на водата.
- Ако се запри најглавниот вентил, ~100 станови нема да имаат вода (4 влеза од блокот во превод)
Абе трагикомедија, што да ви расправам.