Автор Тема: Совет за бела техника  (Прочитано 601960 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1470 на: 27 Декември 2020, 12:24:02 pm »
Обичен бољер стај или проточен можда ?

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1838
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1471 на: 27 Декември 2020, 12:29:48 pm »
Најобичен, Telefunken 80 литарски, 2kW, 5000ден. Сепак станот не е мој, и како што кажав, на газдата не му се даваа многу пари.

Да беше мој, менувам секаква можна водоводна инсталација, ѕиданата када ја лансирам од прозор и слични есенцијални зафати  ;D

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1925
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1472 на: 27 Декември 2020, 12:33:46 pm »
Zaboravi da napisis cekor 6, kapenje (bez poturanje) posle XX denovi :D
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1473 на: 27 Декември 2020, 12:36:52 pm »
Дека кабли си менувал така си помислив. Али када ( не мора да е ѕидана) е благодет. Ама големка да е.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7247
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1474 на: 27 Декември 2020, 12:41:10 pm »
Сеа не можеш да го тераш муабетот
"не ме нервирај, ќе го јадеш немиен"

Секогаш е така, никој не менува превентивно ништо додека не се расипе.
Јас лично прво би ставил од тие изолациите што се собираат со упаљач па после изолир.
Се сеќавам кога ставав бојлер кај мене, цревата кои требаше да се поврзат од влезовите/излезите на топла/ладна вода од и до инсталацијата и бојлерот, едниот не сакаше да се намота бидејќи навојот беше мн краток. Па пак трчај до продавница.
Еден од најдобрите совети што ги имам прочитано на форумот беше "Не почнувај работа во неработен ден"

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1475 на: 27 Декември 2020, 12:49:05 pm »
Добро сабота не е толку не работен :)
Е да, многу битно, магнезиумова анода да се стави, фабрички имаат, затоа од ко ќе го исчистиш може да се деси брзо после тоа да го фрлиш бољеро.
А дали се исплаќа да го сервисираш бољеро на 5 год за да ти трае 30 год или да тера 20 без да му се замараш.
« Последно менување: 27 Декември 2020, 12:54:51 pm Bicikle »

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1838
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1476 на: 27 Декември 2020, 12:52:05 pm »
 @AllMightyMe Форумски совет на место. Среќа, СРЕЌА, што се работеше во сабота, па зелено пазарче е позади Градски ѕид нели, можев да претрчам за да купам сигурносен вентил и пократки црева.

Сакав да се заврши работата што побрзо, знам дека може многу поубаво да се направи (и од естетски и од функционален аспект).

Пример новиот кабел имаше убави клеми од фабрика, ама кабелот беше краток до штекерот, па нешто мораше да се жртвува.

Инаку да, @Silvester прав си, го заборавив тоа  ;D Колку бил убав животот кога се тушираш како во 2020та

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3157
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1477 на: 27 Декември 2020, 16:28:15 pm »
Сепак станот не е мој, и како што кажав, на газдата не му се даваа многу пари.

Да беше мој, менувам секаква можна водоводна инсталација, ѕиданата када ја лансирам од прозор и слични есенцијални зафати  ;D

Ништо ново, ретко кој сопственик на стан сериозно си ја сфаќа работата, а уште поретко кој го пријавува издавањето во УЈП.

Се разбира дека твоја работа не било ништо од тоа да правиш (мајстор/бојлер купување/вадење и сл.) туку на газдата, ама...

Со здравје да се користи и што побрзо да си купиш свој стан!

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 916
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1478 на: 27 Декември 2020, 16:29:36 pm »
Да бе, требаше апдејт да пишам.

Фаза 1)
Ја исклучивме водата во сите 4 влеза, го извадивме трулиот стар вентил пред водомерот. АМА, ама, после вентилот некој паметњакович ставил две гумици, па едната гумица под притисок се набила кон водомерот. Една хируршка интервенција, па наместо 10 минути, испадна пола саат да немаат сите вода. Сменет главен вентил во станот.

Фаза 2)
Следно беше да се испушти водата од стариот бојлер, за да може да се извади од држачите. Сигурен сум дека 50тина кила имаше, со бигорот внатре. Го изнесовме во ходникот, да не го гледам повеќе.

Фаза 3)
Следуваше преврзување на електричната инсталација од стариот на новиот кабел. Го направив јас бидејќи не му верував баш на мајсторот, плус знам дека нема да штедам на изолир на секоја од трите жици посебно.

Фаза 4)
Нормално дека старите држачи не одговараа, ни во ширина ни во дијаметар. Нови дупки, типлони, штрафови, шајбни и мутери и нов сигурносен вентил.

Фаза 5)
Монтирање и штрафење на новиот бојлер, пуштање на главен вентил, полнење на бојлерот со вода, проверка дали капи и дали грее нормално.

Фала курцу, работи и има надворешен потенциометар за регулација. 4 саати отепани во работна сабота.
Се надевам дека го сменивте и вентилот после водомер

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1838
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1479 на: 27 Декември 2020, 20:20:17 pm »
@smole фала ти, да се враќа за станот ако се нема досега вратено. Веќе 9та година сум под кирија, ништо чудно досега да имам отплатено една гарсоњера.

Знам дека не беше моја работа да го правам сето тоа, но ако го оставев на мајсторот, тој рече дека сакал да ја остави така гумицата што се заглавила и да го остави стариот сигурносен вентил (што не ни фунционираше). Тоа е се што треба да знаете за мајстори, ако ги оставите без надзор.

Да се стабилизирам со односот приходи/расходи па дефинитивно ќе размислувам за таков поголем залак. Знам дека има соодветна тема за станови, па таму совреме ќе си пишам.

Инаку @Leonid посакував и јас да го сменам тој вентил, ако постоеше воопшто. Не знам како и зошто има само еден вентил, па и тој не чинеше пред менување. 

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1480 на: 27 Декември 2020, 21:43:40 pm »
Мајсторот глеат да заврши што побрзо и да со ги земе парите, па после ти думај се.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9532
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1481 на: 30 Декември 2020, 08:29:51 am »
Дечки едно прашање. Тргнав по сушара и некако се решив горење да земам ама немаат избор односно 3 модели до кај 21 илјада кои се Б класана енергетска ефикасност и следниот А+++ 38 илјади. А 38 не ми се дава за на балкон. Гледам има Беко за 22, 23 со топлинска пумпа и А+ класа па ѓе интересира некој дали има и какво искуство со беко апарати и нивен сервис? Или ако не беко некој друг? Candy?


Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1482 на: 30 Декември 2020, 09:48:08 am »
Дечки едно прашање. Тргнав по сушара и некако се решив горење да земам ама немаат избор односно 3 модели до кај 21 илјада кои се Б класана енергетска ефикасност и следниот А+++ 38 илјади. А 38 не ми се дава за на балкон. Гледам има Беко за 22, 23 со топлинска пумпа и А+ класа па ѓе интересира некој дали има и какво искуство со беко апарати и нивен сервис? Или ако не беко некој друг? Candy?



Ние купивме пред неколку месеци Candy 9kg, презадоволни, маста и ја извадивме. Со вифи и многу програми. Околу 15000 беше.


Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1483 на: 30 Декември 2020, 11:21:38 am »
Vidi i Ariston vo Setec. Ok se

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #1484 на: 30 Декември 2020, 11:26:01 am »
Imam beko 8 kg, a++, no ja chuvam doma, za sega e ok, chesto se  koristi, vo prosek sekoj den. 24-5 beshe togash.