Автор Тема: Дискусија за дискутирањето  (Прочитано 50067 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #150 на: 13 Февруари 2015, 11:33:19 am »
See, this is why people don't like you. Не знаеш како да дискутираш, а да не звучиш арогантно.

Ако сега склопиш 2-3 реченици со кои ќе го кажеш истото што и јас за стереотипите, ама на начин кој нема да ти звучи арогантно, ќе ти дадам 1000 денари.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34156
  • Таков е животот... јебига
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #151 на: 13 Февруари 2015, 11:34:41 am »
Јас лично, решив да пробам да се навикнам на начинот на комуникација на ФилипВ и наеднаш не ми е толку арогантен колку што беше порано. На страна темите во врска со кои не се сложувам со ФилипВ, тоа си е друга работа.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29793
    • CARclub.mk
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #152 на: 13 Февруари 2015, 11:35:36 am »
See, this is why people don't like you. Не знаеш како да дискутираш, а да не звучиш арогантно.

Ако сега склопиш 2-3 реченици со кои ќе го кажеш истото што и јас, ама на начин кој нема да ти звучи арогантно, ќе ти дадам 1000 денари.

Стереотипите се основани во вистина.

Не, Зеро. Да беа „основани во вистина“ немаше да се викаат „стереотипи“ туку ќе се викаа „факти“.

Наместо во вистината, стереотипите се основани во разните когнитивни склоности на нормалните, здрави луѓе. Ѕирни ја листата и - ако те заинтересира - запознај се со поимот евристика.

„Хаха, Зеро пеер, абе не дека се вистина, да беа вистина, ќе беа факти.

Вии вака.. Стереотипи се базирани во когнитивни склоности. Ѕирни, сигурно ќе сконташ. И ако не си читнал, читни и за Хјуристикс*.“

*чисто пошто „евристика“ ми звучи многу глупо, ко наука за Евреи да е..

Каде да си ги земам 1000-те денари?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #153 на: 13 Февруари 2015, 11:39:02 am »
!! r u kiddin' me??! Па баш вака ко што ми го пишуваш не само што е арогантно, туку арогантно на најгадниот можен начин: patronizing.

не е можно дека си сериозен!

ЕДИТ

А што правиме што има повеќе вистини во врска со некои работи? Чив стереотип е факт? Можно е да постојат повеќе вистини и повеќе факти?

За да некој стереотип биде факт, треба во космосов прво да постои потполна индукција. Но, бидејќи такво нешто нема, ниту еден стереотип по дефиниција не може да биде факт: aко беше факт тогаш немаше да се вика стереотип.

Ѕирни тоа за евр... хеуристиката.
« Последно менување: 13 Февруари 2015, 11:44:47 am filipv »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29793
    • CARclub.mk
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #154 на: 13 Февруари 2015, 11:44:41 am »
Ти рече на начин на кој нема да ми звучи арогантно. Ова мене не ми звучи арогантно. Ми звучи као нормална дискусија што би ја имал на пиво со Симо секој понеделник во Чилин уз кригла.

Не гледам зашто е patronizing. Нема скриена ароганција. Баш е нормално, секојдневно зборење. Најверојатно не би звучело баш вака, али како и да е..

1000 денари.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #155 на: 13 Февруари 2015, 11:47:20 am »
Ти рече на начин на кој нема да ми звучи арогантно. Ова мене не ми звучи арогантно.

Во право си, реков на тебе да не ти звучи арогантно. Добиваш 1000-че, под услов да се согласиш дека јас и ти можеби имаме различни критериуми за арогантност и плус дека во иднина - пред некој мој пост да го оцениш како арогантен - да ти текне на таа можна различност на критериумите.

А јас, од своја страна, во иднина ќе ги китам и украсувам моите постови со „пер“, „буљо“, и слични утешителни улични орнаменти, за тебе да не ти делуваат арогантно.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29793
    • CARclub.mk
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #156 на: 13 Февруари 2015, 12:00:19 pm »
Ааа, вакви педерски пост-услови не.

Али еве, нека ти биде - исто како што јас пред да ги оценувам твоите постови малку ќе размислам, и ти пред да ги напишеш твоите постови малку да размислиш, дали пристапот ти е добар (не добар као квалитетен, него добар као убав, као фин)?

Не приметуваш дека влегуваш во конфликт со мање-више сите на форумов? Ако не ти иде муабетот со сите, ондак не е до другите, до тебе е. Најпријателски, баш пошто те почитувам.

И скраја да е, не сакам украсување со „пер“ и „буљо“, тоа беше карикирање со цел малку од малку да се деформализира дискусијата и да дискутираме на човечно, секојдневно, а не на академско ниво.

--

Глупости, не сакам 1000че. Ќе частиш неколку добри пива & we're even.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #157 на: 13 Февруари 2015, 12:58:37 pm »
многу ме интересира зашто мојот пост од темава е избришан?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #158 на: 13 Февруари 2015, 13:44:10 pm »
Ааа, вакви педерски пост-услови не.

Во право си, не се изразив како што треба: не е услов, туку молба.

Али еве, нека ти биде - исто како што јас пред да ги оценувам твоите постови малку ќе размислам,

Расмисли повеќе, бидејќи препознаваш ароганција таму каде што ја нема.

и ти пред да ги напишеш твоите постови малку да размислиш, дали пристапот ти е добар (не добар као квалитетен, него добар као убав, као фин)?

Мојот пристап е таков каков што е: во случај на несогласување, се трудам, повеќе или помалку успешно, да допрам до суштината на несолгасувањето и своето видување да го соопштам во интегрална форма. Тоа е дискусија. А што точно е „убаво“ и „фино“, ќе се согласиш, е прашање на вкус, а јас можеби не го делам твојот. Она што за тебе беше пример за неарогантно разговарање, за мене е суперарогантно и лицемерно (за ова читај подоле).

Затоа, мојот предлог е овој: наместо безвезе да комплицираме и да изиграваме courtesy class (тие лекции понуди ги - со истиов ентузијазам - на оние кои лично и грубо вреѓаат!), да се воздржиме од стилски оценки, да се воздржиме од анализа на карактерните особини на соговорникот и - просто - да се држиме до темата. Ако нешто ти се причуло арогатно - здравје - ќе преживееш. Како можам ја да голтам директни, груби лични навреди без да писнам? Можеш и ти преку стилот да пројдеш. Или не?

А сега, повторно би се навратил на твојот пример за неарогантен пост (оној за кој освои 1000 денари). Ако добро те разбрав, треба да звучи ко нормална дискусија со некој кој ти е другарче. Ова на прв поглед делува како сосем легитимно барање. Но, ова е форум, има интеракција со стотици различни луѓе. Што правиме ако соговорникот не ми е близок? Што ако не го ни познавам лично? Дали и на него треба со „пер“ ово-оно, за да не делува арогантно? Ќе се согласиш дека во тој случај таква комуникација би била непримерна. Тогаш што? Да не одговарам никако? (пошто иначе може на некого да му се причинам арогантен). Да го оставиме човекот да си мисли дека стереотипите се базираат во вистината, нека стои така да читаат луѓе, све све само немој случааајно некому да му се причини - пу пу скраја било - арогантен одговорот.

Ова погоре не води директно до суштината на проблемот со твоето барање: испаѓа дека својот стил треба да го менувам во зависност од тоа на кого му се обраќам. Тоа менување се вика лицемерие. А јас, бидејќи (сакам да верувам дека) не сум лицемерен човек, разговарам исто со сите, без оглед на националната, расна, верска и социјална припадност. Без оглед дали сме во живо или на форум. Ако на Крелл му кажам дека лупа глупости за стегнат бас заради скап усб кабел - истото на истиот начин ќе му го кажам и во живо. Тоа не значи дека го сметам за глупак, ниту дека се сметам себе си како личност над него. И Ајнштајн кажувал понекогаш глупости, па не е глуп. Ако на тебе ти кажам дека стереотипите не се базираат во вистината, истото ќе го кажам и на непознатиот Ојле Дојлевски кои прв пат го гледам у живот. Треба еднаш за секогаш да сфатите дека „мојот став се противи на твојот став“ не е исто што и „јас сум ти противник и те мразам“. Да сфатите дека „мојот конкретен став е поисправен од твојот конкретен став“ не е исто што и „јас сум поисправен човек од тебе“

Не приметуваш дека влегуваш во конфликт со мање-више сите на форумов?

Не, не приметувам затоа што тоа просто не е вистина. Во конфликт влегуваат некои мои ставови со ставовите на другите, но тоа не е конфликт човек вс човек, туку став вс став. Првото е лошо и бљак, а другото е пожелно и нужно за да се дојде до вистината. Тоа што вие ги мешате двата конфликта (во вториот го препознавате првиот) е нешто што треба да го решите со самите себе. Мене не ме мешајте у таа манџа. Јас секогаш ќе ви кажам кога нешто не е така како што велите, но истовремено никогаш нема да ви кажам „ти си ваков ти си онаков“.

Но, кога веќе спомна дали приметувам дека влегувам во конфликт со мање-више сите на форумов... И покрај тоа што тоа не е вистина, одличен повод е да те поканам да размислиш за следново: дали си приметил дека мојот стил на изразување ви пречи мање-више само кога не се согласувам со вас? Дека кога сме на иста страна на дебатата ич не ви пречи стилот? Приметувате? Обвинувањата за некаква си измислена ароганција се само изговор да се избегне соочувањето со сопствените фалични аргументи. Тие се израз на гнев заради откриената слабост на сопствените аргументи. Инаку, АКО се согласуваме на некоја тема, ТОГАШ „ароганцијата“ насочена кон другата страна најчесто не пречи воопшто. Напротив, тогаш идат приватни пораки „браво, добро му кажа, само така!“. Но, кога потполно истиот стил ќе се сврти против некој ваш став - одма циу циу ааа ароганција ааа ова аа она.

Ако не ти иде муабетот со сите, ондак не е до другите, до тебе е.

Се согласувам, но прашањето е што тоа е до мене? Дали измислената ароганција, или индискриминативноста со која ги напаѓам фаличните аргументи кај другите?

И скраја да е, не сакам украсување со „пер“ и „буљо“,

Туку?

тоа беше карикирање со цел малку од малку да се деформализира дискусијата и да дискутираме на човечно, секојдневно, а не на академско ниво.

Придржување кон некои најпрости правила за валидно аргументирање и заклучување не е академско ниво. Друго е академско ниво. (дали ова го кажав арогантно??)

Глупости, не сакам 1000че. Ќе частиш неколку добри пива & we're even.

ок

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7437
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #159 на: 13 Февруари 2015, 13:59:47 pm »
^- Е ради ваквите постови ни пропаѓа државата и се иселуваат младите. ;D :D :D :D


Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1531
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #160 на: 13 Февруари 2015, 14:03:56 pm »
^- Е ради ваквите постови ни пропаѓа државата и се иселуваат младите. ;D :D :D :D


И нема да бидеме дел од ЕУ :D :D :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43930
  • Il Moderatore
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #161 на: 13 Февруари 2015, 14:13:12 pm »
Јас научив дека ако немаш свои аргументи, а не се согласуваш со соговорникот, нападни го со некоја фаличност на аргументите. Works every time. Па соговорникот нека се труди да бара докази дека не му е фаличен аргументот, ако е доволно вешт. Ако не - тогаш си победил!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2844
  • Слобода или смрт
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #162 на: 13 Февруари 2015, 14:13:23 pm »
Филип свесен си дека последниот твој пост има 825 збора (ги копирав во word да ги преброи, само репликите на филип) Па тоа е пола есеј, 1,5 полни страни во word фати. Сериозно кој чита такви работи?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43930
  • Il Moderatore
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #163 на: 13 Февруари 2015, 14:14:34 pm »
Јас, ама тоа е од мазохистички побуди, не дека е забавен за читање...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7437
Одг: Дискусија за дискутирањето
« Одговори #164 на: 13 Февруари 2015, 14:15:49 pm »
Он што си пишува - за него си е... ама ние што го читаме, ние сме бетер ;D :D :D :D