Автор Тема: Нема да може да се регистрираат автмобилите постари од 2000 година?  (Прочитано 28476 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
На колку рати ќе земе некој кредит од 5000 евра и ќе му останат пари да живее нормално и да го отплаќа. Тоа е целиот муабет,

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Јас колку што знам ќе се забрани увоз на возила постари од 2000 година..

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3601
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Ретко кој има пари за нова кола.

Затоа, субвенции. Кога удри кризата во Европа, за да се заживее економијата сите влади со по неколку илјади евра субвенционираа продажба на нови возила. Британците даваа по 1500 фунти, Германците по 2500 евра. Тоа не е незначителна сума пари, особено ако земеш во предвид дека има коли што коштаат по 7-8.000 евра. Ете, 2000 евра од државата, 1000-1500 евра рецимо заштедени, другите на кредит. Не е лесно, ама не е ни невозможно. Најпродавани коли во Англија беа најевтините, нормално.

subvencii kaj nas moze samo vo ironicen kontekst da gi spomnuvame... edino ako ne si cuvar na lavovi!

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
ОНТОПИК:

Еден човек прашува новинар:
- Вистина ли е, ние Македонците сме продале 100.000 компјутери на Јапонија?
- Се разбира дека е вистина! Само не е Јапонија, туку Јамајка, не се компјутери туку компот, и не ги продадовме, ни ги вратија.
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5511
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Ajde jas malku da ja svrtam diskusijata vo dru pravec.
Kazete mi zasto tie so 300evra mesecni primanja moraat da se vozat so kola do rabota?
Zarem ne e poekonomicno so javen prevoz?

Vo bilo koja svetska metropola luge koi zarabotuvaat prosecno do luge koi zarabotuvaat poveke od  normalno koristat javen prevoz od bilo koj vid.
I pogodete sto, voopsto ne im e sram ili sl. tuku naprotiv, se gordeat so istoto.

Kaj nas pak e sramota so avtobus da se odelo na rabota.
Poznavam luge koi 30-50% od platata ja davaat za gorivo i parking, ali bitno e so kola idat na rabota.

Tuku nie vo princip sme narod koj pati od kompleks.
Tuka e problemot.

I jas go podrzuvam MARJAN i ostali so nivnoto razmisluvanje.
Ako nemas ne vozi, a ne po sekoja cena da  vozis.

Koga mozat Ameri, zapadno evropjani i dr. da koristat javen prevoz iako zarabotuvaat nekolku pati poveke od nas, mozeme i nie koi neli zarabotuvame pomalce i nemame sredstva da go pomineme mesecot.

Isala da se  vovede nekoj zakon pa da se iscisti krsot od ulicite.

Pred 10 god da, javniot prevoz bese krs, ali sega barem e dobar kolku tolku.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Добар е да, ако не го користиш во времето кога се оди на работа/школо отсабајле, и кога се враќаат приквечер. А тие со 300 евра просечни примања причинуваат многу голем дел од државата.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5511
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
A pogodi kaj se tie?

Vo svoite Golf 4ki i Passati koi gi kupile so posledni pari a cesto i so pozajmeni pari.

Luge svatete edna rabota, za da glumis 'sredna klasa' ne e dovolno da kupis kola, za pocetok dovolno e site smetki da ti bidat podmireni, da imas svoj imot ........pa posle kola, a kaj nas se pocnuva odpozadi.

Ne go svakajte ova licno i zlonamerno, samo sakam da ukazam na realniot problem kaj nas vo vrska so ova.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
На страна примања и класни поделби: дали ти Денде си пробал да се возиш во автобус во rush hour сабајле?
Значи било која линија одбери, качи се во неа и пробај да стигнеш до некоја дестинација по слободен избор. Ќе наидеш на следниве проблеми:

1. Пензионери - без потреба влегуваат во автобуси толку рано, зошто во 5 стануваат и досадно им е. Притоа  прават гужви, усмрдуваат и прават тензии ако не им пуштиш столче.
2. Rush hour гужва на улиците - рута која обично трае 15 минути, сабајле трае и до 40 минути. Нервози колку сакаш.
3. Општа гужва во автобусот, настискани луѓе кои се борат за воздух. Многу лош начин да ти почне денот.
4. Иако наутро и попладне линиите се зачестени за секој да има место, сепак не се доволно.

Океј, негативностите ги поминавме. Сега да замислиме што би се случило кога во веќе згужваните автобуси би се напикале и сите оние што се спремни да ја остават колата и да патуваат со јавен превоз. Метро немаме, со што единствен начин да се превезеш на работа е автобус, кој и онака е преполн. Едноставно, во автобусите ФИЗИЧКИ ќе нема место каде да се упасираат толку луѓе. Е сега, постои опцијата „велосипед“ како превозно средство, но на луѓе не им се гине по пат за на работа. Наутро владее општа негативна наелектризираност во општеството и било каква нервоза ескалира во road rage и дерење, расправање, па можеби и „е сеа ќе ти ебам матер“.
Сообраќај е општествена гранка со која нема лесно решение. За да се вози повеќе велосипед, треба да се испразнат колите. За да се испразнат колите, треба да се испразнат автобусите. Тоа е една елипса која бара многу, многу работа за да стане круг и перфектно да функционира. :)

Отсутен Dimitar

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 444
Одг: Нема да може да се регистрираат автмоб&#
« Одговори #38 на: 10 Ноември 2014, 04:59:08 am »
На страна примања и класни поделби: дали ти Денде си пробал да се возиш во автобус во rush hour сабајле?
Значи било која линија одбери, качи се во неа и пробај да стигнеш до некоја дестинација по слободен избор. Ќе наидеш на следниве проблеми:

1. Пензионери - без потреба влегуваат во автобуси толку рано, зошто во 5 стануваат и досадно им е. Притоа  прават гужви, усмрдуваат и прават тензии ако не им пуштиш столче.
2. Rush hour гужва на улиците - рута која обично трае 15 минути, сабајле трае и до 40 минути. Нервози колку сакаш.
3. Општа гужва во автобусот, настискани луѓе кои се борат за воздух. Многу лош начин да ти почне денот.
4. Иако наутро и попладне линиите се зачестени за секој да има место, сепак не се доволно.

Океј, негативностите ги поминавме. Сега да замислиме што би се случило кога во веќе згужваните автобуси би се напикале и сите оние што се спремни да ја остават колата и да патуваат со јавен превоз. Метро немаме, со што единствен начин да се превезеш на работа е автобус, кој и онака е преполн. Едноставно, во автобусите ФИЗИЧКИ ќе нема место каде да се упасираат толку луѓе. Е сега, постои опцијата „велосипед“ како превозно средство, но на луѓе не им се гине по пат за на работа. Наутро владее општа негативна наелектризираност во општеството и било каква нервоза ескалира во road rage и дерење, расправање, па можеби и „е сеа ќе ти ебам матер“.
Сообраќај е општествена гранка со која нема лесно решение. За да се вози повеќе велосипед, треба да се испразнат колите. За да се испразнат колите, треба да се испразнат автобусите. Тоа е една елипса која бара многу, многу работа за да стане круг и перфектно да функционира. :)
Се согласувам со тебе Мартин,но работата е дека од некаде мора да се почне.
и јас сум за да се испразнат автобусите или пак да се пуштат сите во капацитет уште од рано сабајле.На пример ако од Драчево во 7 саат наутро оди една линија,нека пуштат уште додатни две линии.Така сигурно ќе се растерети гужвата во автобусите.

Инаку ова со коливе ич не го оправдувам.

еве јас за  1 саат треба да одам на работа т.е во 6 часот наутро.Имам кола но постојано одам со велосипед.Како да одам кога загаденоста е огромна?Зарем некој си го поставил тоа прашање?

Кога јас би се прашувал приоритет би требало да им дадеме на  луѓето кои се возат со автобус,велосипед или мотор на работа.
Сепак тие се оние кои придонесуваат за чиста и здрава околина.И нив да ги прашаме што им смета.

За оние со коли пак не им би дал толкава слобода и тука највеќе би реагирал


Јас одам во 6 саат на работа со велосипед по магла,а они во 8 саат им било ладно да одат пешки.
Па во 6 саат потопло да не е?  >:(


Бидејќи јас одам порано на работа имам и право на коли од фирмата и тоа речиси нови со резервар полн до горе.Се на име на фирмата.Директорот и тоа го имал во предвид да оној што оди рано на сабјале во зимно време на работа да му обезбеди кола.Ништо немам трошок,се ми е платено.Само да бидам на работа на време.
Се прашуваш колку пати ја имам земено во овие 4-5 години?Едвај 10 дена кога стварно беше ептен ладно.
Така да се е до нас луѓето.Убава и топла облека наутро и шал и гајле се нема.


Факт е дека има многу работа и имплементација додека да биде се како што треба,но тоа не треба да не обесхрабри за да почнеме со работа.Всушност овде уште од порано е промашена работата,кога почнаа секаде да се градат згради,ама тоа е враќање нема.

Срамота е веќе со години не се реагира.

За мене е оправдано она со парни и непарни броеви.барем тоа да го воведат за почеток.Сигурно ќе се намали загадувањето.
И да сите од администрација да одат пешки или со јавен превоз на работа,почнувајќи од градот Скопје,влада,општините па преку болници,јавни установи,училишта итн.

« Последно менување: 10 Ноември 2014, 05:23:07 am Dimitar »

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6599
Ajde jas malku da ja svrtam diskusijata vo dru pravec.
Kazete mi zasto tie so 300evra mesecni primanja moraat da se vozat so kola do rabota?
Zarem ne e poekonomicno so javen prevoz?

Не и сега ке ти образложам и математички ЗОШТО е тоа така.
Рано наутро таткоми и мајками идат со колата на работа. Место да платат 2 карти од по 35 денари во автобус или пак со карта со 10 вожњи па возењето место 70 денари, да ги чини 50 денари, пак е поскапо пошто наутро до работа имаат 5-6 км. За тие 5-6 км нашата кола ке потроши помалку од 1 литар плин чија што цена е 32 денари, односно помалку од 2 литри или околу 2 литри плин до работа и назад

Колата се вози 26 дена во месецот до работа и назад. Грубо тоа се околу 320-330 км до работа и назад. 9 литри на 100 км тоа се 27 литри плин, ке заокружам на 30 литри плин. Излегува 960 денари во месецот за плин само за до работа, останатата километража не ја чепкаме.
Е сега тука има само 1 мана, а тоа е што наутро моите идат заедно, но мајками работи до 14 часот, а таткоми до 16:30, па тука ставаме додатни 500 денари за автобус во 1 правец, а тоа се 500 денари.
Викендите, само сабота мајками работи и таткоми ја носи со кола и ја зема, троши 2 литри плин, 64 денари, 14 ден поскапо, ама битно мајками нема во 6 саат во црна темница наутро да чека автобус, па од партизанска да иде пешки 15 мин и истото после тоа попладнето кога се врака дома.

Ајде сега ке ја удриме математиката со автобус.
50 денари за двајцата во 1 правец, за вракање уште 50, значи на дневна база 100 ден.
Мајками работи 26, таткоми 22 дена.
За мајками требаат 1300, за таткоми требаат 1100 денари во месецот за билети за автобус (ти рачунам билети со 10 возења чие што возење чини 25 денари, да не правам сега есапи со по 35 па глава да те заболи. ;))

1300+1100= 2400 со автобус.
960+500= 1460 со кола (тие 500 ден кажав дека се мајками што се врака со автобус во 14 часот)

Што е поефтино сега Денде ?
Плус да не збориме организацијата на автобусиве.
Ја патував со автобус на работа (имав ситуации и со кола идев, ама повеке со автобус). Си бил ли ти во ситуација да работиш до 23:00, да те мафтосуваат бездомници во кладилница дека уште 2 мин можеле да уплакаат, а автобусот во 23:05 поминува пред кладилница и ако го испуштиш треба 6 км до дома да се снаогаш како да ги поминеш, А ПРИРОА утресабајлето си прва смена и имаш само 8 часа на располагање да одмориш ?

Фала, пријатно. Имајте убав ден. :)

ЕДИТ: Еве сега утрово ке идам на факултет со кола. 5 км имам до факултет. Во двата правци 10 км. 1 литро плин горе доле ке потрошам и 30 денари за паркинг, значи 60-70 денари ке потрошам.
Од друга страна, со автобусите наши, пошто од Кисела Вода до Правен факултет нема директна линија, ја морам со 24 да се симнам на градска и да одам пешки најмалку 20 минути, плус 15 мин со автобусот до центар.
Па сега ти размисли што би избрал како превоз и зошто ти не почнеш да ја креваш свеста, остај колата и вози се со автобус, а не да сугерираш ние тоа да го правиме.
Јас идам денес со кола пошто таткоми е со службена кола денес и утре, значи денес и утре идењето е беспари на работа за моите. Ете ти уште една работа ;)
Денде, удрени се математиките да знаеш само ;)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Може само за ку* да се фатат, нигде не е забрането регистрација на возила според старост..

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Нема да може да се регистрираат автмоб&#
« Одговори #41 на: 10 Ноември 2014, 10:19:41 am »
@ Filo

А регистрација на кола, а сервис, потрошни делови да не случајно ја заборави амортизацијата на возилото?

Инаку, мило ми е што Денде ми го сфати муабетот, најголемиот проблем е комплексот. Секој младо вработен одма се залетува мислејќи дека Господ го фатил па купува кола на кредит и оди со кола на работа. И се тоа е навидум ОК, додека не дојде моментот фамилија да треба да има, е тогаш сите му се криви и нечини државата ... А да не зборувам колку тоа 90% од возилата по сабајле се со 1 човек во нив.

Патем, rush hour има и со кола и со автобус, улицата е таа, гужвата е таа. Разликата е што јас кога ќе влезам во автобус (јбг имам среќа со некои автобуски линии нема жив човек во нив и одма после работно време ми проаѓаат) мозокот ми е ставен на пасење и се релаксирам од стресниот ден. Ќе си го прашам дали без стрес можам да стигнам од работа до дома со кола. Колку за инфо, мене разликата со кола/скутер до тоа со автобус да се враќам ми е мак. 10 минути.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
  • хаУс мајстор
@DENDE,дали си се возел некогаш со автобус?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
кога сме веќе кај автобусите... по моја логика и видување на работите, подобро да ги оставеа кршовите да возат низ скопје, одошто новиве тесни автобуси со бесплатен превоз за пензионери... на кантарот за поубава и полесна ака по цивилизирана вожња, тогаш беше поубаво... иако не сум се возел од поодамна.. ги читам лугево како кукаат за преполните автобуси, а и сам гледам што се случува со автобусите... не ми се збори баш, во стилот јас да објаснувам како треба, си има власт за тоа, ама не ми изгелда во ред ова...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Фило ај на твоиве математики додади ги и трошоците за купување на возилото и редовно одржување пропратено со непланирани дефекти.

Инаку се согласувам дека не е баш така едноставно и пријатно да се возиш со нашиве автобуси, особено во вторник и петок. Али тоа е немање концепт и идеа од властите, кои прават се од денес за утре без никаква стратегија или крајна цел, освен маркетинг и гласови од пензионерите.

Треба да почнат властодршците да одат на работа со автобус и тоа за почеток само во вторник и петок, па верувам дека ќе видат што и како недостасува. Али они се заштитени говеда кои не гледаат што се случува околу нив :)

Така да и двете групи сте во право, добра е идеата за јавен транспорт за повеќето, особено што имаат статична работа без многу движење. Али не е се само да има нови автобуси, многу други работи се исто битни.

Иначе во Скопје во последниве 5-6 години се имам возено еднаш со автобус, и не беше така страшно али не беше во гужвата. Али годинава во Белград се возев во препун автобус. Мислам дека психички попуштив тие 25 минути... Најчесто се движам со скутер или пешки во работно време, али локацијата на домот, работата и обврските ми го дозволуваат тоа без никаков проблем.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.