Ако планираш да гледаш филмови на телевизор легнат на кревет, тогаш јас би барал безжични, од практична причина да не си ограничен од должината на кабелот и да не ти се меткаат кабли, ако гледаш седнат на компјутер или лаптоп тогаш може и со кабел. Јас имам акг к77 и ретко ги користам за гледање филмови од причина што кога ќе легнам на перница за да гледам филм од големината на слушалките цело време се изместуваат. Во твојот ценовен ранг што и да купиш ќе бидеш задоволен, гледај добро да ти легнат на главата, зошто сепак ќе треба да ги носиш по 2-3 сати. И читни на интернет ривјуа за моделите што ги преферираш, сепак најдобри информации ќе добиеш од некој што ги има слушалките.