Па едно 90% сум сигурен дека е 150кс мотор. Кога бев да ја купувам А4-ката, по 10 минути возење на тој мотор се предомислив, и почнав да барав 190-ка. Мене лично ми е премногу тромав тој мотор.
Од 2.0 тој 204кс е совршениот. Иако и 190 и 200 поминуваат сосем океј. 140-150 е поприлично силен, и може да се одгуши да биде многу соодветен.
Кај овие многу разлика прави и 4х4 vs преден погон. Имаат поприлично вртежен момент и знае да не може да се пренесе на асфалтот со преден погон. Од друга страна 4х4 стварно добро катапултира нанапред.
Сите се придружени со навистина импресивна потрошувачка на автопат.
Сепак во овој дел од векот, убаво е да се види 2.0 204кс ако се има шанса, затоа што е навистина ретко добар мотор во денешно време. Време во кое не се знае ништо за скоро ниеден мотор, ниту за издржливост, ниту за потекло, ниту за перформанси. Комплексноста на хибриди, батерии, и останати додатоци башка.
Членот со А4 2.0 тди 204 is where its at. Мислам дека A4 allroad 2.0тди 204 би било моментално најсовршена кола на пазарот во 2026та - секако ова според мене. Сигурно извесен дел од вас нема да го делите ова мислење, неспорно.
Sent from my SM-S938B using Tapatalk