Честитки до клаберите за обновениот возен парк.
Чекавме од @MartinAlfista некој шок со избор на марка на кола ама сепак верен на традицијата 
Имаше и шок во меѓувреме, ама толку се мразев себеси во тој релативно нов автомобил што веднаш го продадов. Имав нула мерак да го исперам, дури и за сликањето за оглас.
Така и сфатив дека животот ми е прекраток да си го пензионирам хобито кое ме прави среќен - па природно си слетав пак на Alfa Romeo. Ќе беше или Brera Facelift или Giulietta QV, што и да беше боља понуда ценовно.
Колку и да ми е Брерата при срце, Џулиетата сигурно е подобра за возење. Со здравје да си ја возиш.
Искрено, јас не би ја сменил мојата 159-ка за Giulietta QV, многу многу понапрендно е и предното и задното вешање, што особено се осеќа на fast roads. Giulietta-ta QV има „легендарно“ знакче и солидни перформанси, ама 159-ката, барем во мојата изведба, има доста подобро лежење на пат. Пробано, и дури и малце бев „меех“ со Giuletta-ta QV. Не дека е лоша Giulietta, ама разликите во класите си го чини своето. А да, сум терал и 2.4 jtdm со ауто и Ti опрема, добра за крузање, малку претешка у носот за брз корнеринг. Веројатно Brera-та поради помалото меѓуоскино и исто тешкиот 2.4 дизел агрегат, уште повеќе nose heavy е, додека во пост фејслифт TBi варијанта би требало да биде поагилна и од 159 TBi