Ви благодарам на сите на честитките.
Своевремено ќе биде претставена во соодветна тема, накратко колата е од трет газда, купена директно од Лексус, во негова сопственост од 2020та година, има 207к км и сервисна книшка до 138к. Променет е алтернатор, свеќици, редовно правен сервис на мотор и автоматски менувач и сл.
Го има највисокото ниво на опрема за таа година и за тој модел, како на пример - сончев кров, крем кожен ентериер, греачи и вентилатори на седишта, ксенон фарови, прскалки на фарови, греачи на брисачи, електрична заведа на задна шофершајбна, навигација, Марк Левинсон озвучување со 14 звучници, климатроник, самозатемнувачки ретровизор, електрични ретровизори кои се затвораат при заклучување и се спуштаат надолу кога се става менувачот во рикверц, паркинг сензори напред и назад, паркинг камера, електрични седишта со меморија и уште многу друго...
На колата има црн OZ 17 инчен бандаж со солидни гуми со ABE одобрение, имам оригинал 17ки бандажи со летни гуми од Лексус и 16ка бандаж со прилично нови зимски гуми, сѐ на сѐ - три пара бандажи со гуми.
