Си купив Samsung Smart Tag 2.
Го ставив во колата бидејќи моментално немам друга корист. Бидејќи користи Самсунг телефони за лоцирање (a нив ги има на претек во државава / Европа) - многу често се прави апдејт на самата локација на тракерот.
Релативно од далеку, по моја проценка и од мапата што гледам - максимум 100-150 метри треба да помине некој со Самсунг телефон покрај него за да се направи апдејт.
Има и обратна опција, односно да ти свири телефонот ако преку тракерот иницираш. Немам поврзано други смарт уреди, ама има опција и да иницираш и такви акции (вклучување светилка/телевизор/клима) преку него.



Може да се користи како приврзок за клучеви, за миленици, за багаж/куфер/ранче, за деца (во ранец за школо)...