Автор Тема: Што си купивте / сакате да си купите  (Прочитано 2288123 пати)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15570 на: 23 Септември 2025, 15:00:18 pm »
Еве пример - дојде еден дебил да ја гледа колата и ме убедува дека има купец што ќе ја купи, ама он да дојде со мене кај купецот и да ја вози колата.

Идеме кај купецот, која што излезе дека е жена у години, негова колешка на која што се обидува да и најде кола.

Пред да стигнеме кај жената, ми кажува  да ја кренам цената за 250 евра за и он да има ќар. Практично да ја искористи колешката.

Од тогаш сум рекол дека не ја вадам ни од гаража колата да ја види на сонце, ако не сметам дека треба.


Да не зборам за други дебили на кои прв муабет им е колку ќе им спуштиш и која е крајна цена.

Ама ок, да се правиме будали дека не знаеме за што станува збор.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3034
  • Слобода или смрт
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15571 на: 23 Септември 2025, 15:23:37 pm »
Интересно ми беше кога за корсата што имаше направен сервис и нови гуми 4 зезонски континентал возени само 2000 километри, акумулатор чисто нов со гаранција и тазе регистрација и ја давав испод цена само зошто сакав да ја продадам и дојде еден и вика ајде да дискутираме за цена. Само му реков за цена не се дискутира и тој вика ама мора малку да спуштиш. Викам за цена на возило од 2000 евра не дискутирам попрво ќе ја подарам на некој роднина и тој таков ме гледа дури навредено зошто не спуштам. 

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15572 на: 23 Септември 2025, 15:33:10 pm »
Јас искрено не сум купил кола во животот (освен Шкодата како нова кола) да не ја пробам.
Ако не им даваш да ја пробам - чао пријатно :)
Колку коли до сега сум увидел дека не чинат (пред се проблеми со мењач) во тест возење.
Вака да ме повозел ко небаре на пијачка ќе ме носи... не брате. Не даваш - ти давам рака, со среќа продажбата - се гледаме во наредна прилика.
Ама, мењач, подвозје, кочници, мотор дали работи како што треба, све тоа у возење се гледа. У лер шо ќе ми ја да ми работи. не е машина за бичкање дрва.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15573 на: 23 Септември 2025, 15:43:00 pm »
Ново возило никогаш не тестирам, затоа и е ново – човек дава пари за 0 км, фабричко. Тоа што има тест возило за проба, да направиш круг, нема врска – пред тебе можеби во последни 10 дена седнале 20 различни шофери. Се сеќавам кога купувавме Сузуки со другар – јас знаев што купувам, а тој вика „ај бе, еден круг ќе направиме со тоа што е паркирано“. Направивме круг и баш тоа беше тест возило: акано, крцка, ова-она… Јас ич не се замарав, затоа што ново возило е друго – ти си прв газда, освен 5-10 км што од салон ќе го извозат остало си е твое додека тест возило..

Кога продавам возило, никогаш не ставам некои вртоглави суми за да ми дреме по огласи. Ако сакам да се отарасам – продавам да отиде. Од моментот кога ќе излезе од мојот двор, тоа веќе не е мое. Јас кажувам се за возилото, ти даваш пари – пиено, платено.

Пример: на татко ми ладата нива кога ја огласивме – никогаш толку повици во еден ден не сум имал, преку 100 луѓе се јавија. На крај, дојде човек иселник од Велес, за татко му купуваше – да надгледува лозје. Ниту ја виде, ниту нешто – човекот извади пари и ја однесе. Деливме шлеп, затоа што не беше регистрирана година ипол, ниту пак палена. Кога реков „запали ја“, запали – цела во пајажина, ама сепак работеше. Сите делови што ги имав резервни му ги дадов – гуми, спони, јабучици, све-све. Дури и резервната гума што татко ми ја имаше дадено на некој, ја земав и по карго ја испратив. И ден-денес се слушаме со тој човек од време на време, да праша како е ладата – а таа, а тој ке рече абе иде! :D добра му е не ме замара повеќе :D

Сите возила што сум ги продал, јас сум им бил прв сопственик. Никогаш немав проблем со продажба. Очите ти се пред тебе – јас не сум трговец, дојди во мој дом ако си сериозен, кафе, муабет, со тебе пари – и готово. Не сум будала да ме колнеш.

Инаку, за мојот Jimny – 4 година, ништо не сум сменил освен уље редовно, и на 30 илјади километри во диференцијали и редуктори. Остатокот е фабрика: плочки тоа остали  чуда – ништо не се менува кога не треба.Јас неможам со сила да менувам нешто што е добро само уље ако утврди сервис дека треба ок ке сменам ако не не мењам и немој утре да се чудиш ако имам 100 илјади на возило а ништо не сменето не е до мене до возило е ваљда и до тоа како се вози- Пред да купиш, ти давам цел лист што е сменето и одржувано, и од таму си знаеш што понатаму логично е и да сакаш да го пробаш возилото сепак ако е старо,5,6 10 години ке свртиме круг и тоа ама тоа се познава на човек кој купува кој си млати празна слама да убија време.

Зошто продавам – тоа јас си знам, немам потреба никому да се правдам. А во последниве 2 години, со другари и пријатели кои сакаа половно возило – нема каде не бевме: од Паланка до Гостивар. Никаква врска меѓу оглас и реалност – жали боже за време и трошоци. На крај, од 10 луѓе, 8 си купија ново возило – околу 25.000 евра. Немаме пазар за автомобили, мало тржиште, а цените – превисоки.И така да човек дава над 20илјади евра за половно возило треба ептен,ептен да го знаеш тој човек или да е сигурна препорука друго е ризик голем,впрочем и менталниот склоп ни се промени абе за 20 илјади и нешто па ке си купам ново немора да е премиум полвно од немачки бренд,мада и азијати се освестија и качија цени на нови возила што се вртеа тука некаде околу 20 илајди евра.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5315
  • Пиши лаже
Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15574 на: 23 Септември 2025, 15:59:04 pm »
AliExpress мафија. 11€
За цената сум изненаден од саатот.


Жирафа малл, 1970 ден.
Одличен, остар, колку ке трае ке видиме.




Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15575 на: 23 Септември 2025, 17:28:01 pm »
Очигледно не сфати зошто велам дека нема потреба.



Иначе,  тој што е дојден да купи ќе ја проба. Ние збори е за џаболебарите кои возат туѓи коли од што не им се седи дома попладне. Ама ок, може и да се правиме  луди дека не знаеме за што станува збор.
Знам повеќе од шо мислиш,ама по коментарите шо ги оставаш изгледа дека се трудиш.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15576 на: 23 Септември 2025, 18:09:50 pm »
Очигледно не сфати зошто велам дека нема потреба.



Иначе,  тој што е дојден да купи ќе ја проба. Ние збори е за џаболебарите кои возат туѓи коли од што не им се седи дома попладне. Ама ок, може и да се правиме  луди дека не знаеме за што станува збор.
Знам повеќе од шо мислиш,ама по коментарите шо ги оставаш изгледа дека се трудиш.


Дали кога ќе продаваш кола ти е сеедно ако дојдат 4-5 луѓе да ја гледаат, да ја извозат, да пробаат да ти спуштат цена бидејќи цената не им одговара, а колата им одговара?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15577 на: 23 Септември 2025, 18:35:42 pm »
Сите знаеме што и како е нај убаво,ама не секогаш испаѓа така.
Не можиш да очекуваш дека некој што ниту те знае ниту те познава ќе ти верува на збор и нема да сака да се осигура и да провери за шо ќе ти даде одредена сума на пари.

Тргни од самиот себеси како ти би се поставил во таков случај.

А тоа што и како ќе правиш,тоа си е твое.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 787
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15578 на: 23 Септември 2025, 20:52:43 pm »
@draganamon Ама стави се во негово место. ја чува одбива други муштерии и го извисуваат на крај.

Нема зошто да се љутиш ако не си ставил капар.

Tomce, јас зборував со препродавач, т.е. комшијата на газдата, оти газдата бил во Швајцарија.
Комшијата не знаеше точна цена, и рече ке праша и ке ми јави. Рече огласена е 3350, ти кажи колку нудиш, и ке ти одговорам.
Викам нудам 3000 евра. Зашто 3000 евра, затоа што до сега имам купено 3 коли, Стило, Астра и Мондео, и Стило-то и Астрата ги платив точно 3000 евра, и ја сметам како срекна бројка оти и 2те коли ми се погодија.

Затоа и не оставив капар, тој што ја продаваше колата не знаеше крајна цена.

Ми се јави после 2 саати, вика крајна цена 3200, и реков ОК, се гледаме во Вторник наутро.
Се поздравивме на телефон, и тоа е тоа.

Јас до сега имам продадено една кола во животот. Стило.
Се јави еден дечко, ја погледна во Сабота, повози и рече сакам да ја земам, ке ми ја чуваш ли до Понеделник.
Нити ми даде капар, нити му побарав.
Во недела ми ѕвонеа, ме прашуваа за колата, им одговорив се, и им кажав дека до Понеделникм е резервирана, ако не биде продажба во Поледелник, ке им се јавам.
Во Понеделник се слушнаве со дечкото, на лице место побара мал попуст, кој му го дадов.
Му ја продадов колата со резервни гуми и полн резервоар гориво.

Затоа и толку тешко ми падна ова, буквално иста ситуација, со тоа што причива зашто јас закажав Вторник е затоа што во Понеделник, или вчера, имав закажано операција.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15579 на: 23 Септември 2025, 20:58:44 pm »
Битно операцијата да помини како шо треба,кола ќе се најди друга.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 787
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15580 на: 23 Септември 2025, 21:01:38 pm »
@draganamon дали си размислил за C4 Picasso?

Ги глеам баш во таа ценовна група:

- https://reklama5.mk/AdDetails?ad=5043706
- https://reklama5.mk/AdDetails?ad=5451785

Да. Живеам во Аеродром, и пред некое време се слушнав со човекот кој го продава црвениот Цитроен.
Како да не сака да ја продаде колата дечкоото :)

Не ги гледав по сериозно затоа што се дизел. Јас барам кола за татко ми. Тој не одржува кола прописно, и ке го зариба дизелот. Затоа и не му го оставив Стило-то, ке се отеба човекот во него.
Тој вози екстремно крати интервали неколку пати на ден, и затоа барам бензин. Човекот не загрева кола на палење, кола секогаш се гаси и никогаш не стои запалена во место.
Мора да е автоматик, правеше лани операција на десна рака, и менувањето брзини му е проблем.
Во години е човекот, влези излези му е проблем, затоа барам со повисоко седење како Меривата.

Астра-та му е коска, годинава правев голем и мал сервис, сменив дискови плочки, и се вози, затоа не се брзам.
Меривата која не ми ја продадоа го има истиот мотор како Астрата, ке користи ист бензин, исто уље, ке можам на ист мајстор да го пратам во Пробиштип...
Тоа е тоа.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3926
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15581 на: 23 Септември 2025, 23:30:17 pm »
Јас незнам како проценувате човек дали дошол да ја купи колата или да утепа време?
Да отидам да гледам кола и да ми рече неможе да ја пробаш некој од нас ке отиде на костозглобно :)

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15582 на: 23 Септември 2025, 23:37:39 pm »
Многу клошари има, а малку купци.

Пример - продаваш нешто за 15000 евра. Доаѓа и прв муабет му е дали може за 11000. Што да правиме муабет понатаму? Каква кола да вози побогу кога е кретенчуга што мисли дека само неговите пишљиви пари вредат.

Втор пример - да се најдеме некаде за да ја види колата. Кај да се наоѓаме - кај што има најблиску ЈСП станица?

И немооој само на костозглобноооо брату. Немој жиФти се.

Ај не можам више на темава.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15583 на: 23 Септември 2025, 23:50:23 pm »
@draganamon дали си размислил за C4 Picasso?

Ги глеам баш во таа ценовна група:

- https://reklama5.mk/AdDetails?ad=5043706
- https://reklama5.mk/AdDetails?ad=5451785

Да. Живеам во Аеродром, и пред некое време се слушнав со човекот кој го продава црвениот Цитроен.
Како да не сака да ја продаде колата дечкоото :)

Не ги гледав по сериозно затоа што се дизел. Јас барам кола за татко ми. Тој не одржува кола прописно, и ке го зариба дизелот. Затоа и не му го оставив Стило-то, ке се отеба човекот во него.
Тој вози екстремно крати интервали неколку пати на ден, и затоа барам бензин. Човекот не загрева кола на палење, кола секогаш се гаси и никогаш не стои запалена во место.
Мора да е автоматик, правеше лани операција на десна рака, и менувањето брзини му е проблем.
Во години е човекот, влези излези му е проблем, затоа барам со повисоко седење како Меривата.

Астра-та му е коска, годинава правев голем и мал сервис, сменив дискови плочки, и се вози, затоа не се брзам.
Меривата која не ми ја продадоа го има истиот мотор како Астрата, ке користи ист бензин, исто уље, ке можам на ист мајстор да го пратам во Пробиштип...
Тоа е тоа.


Не сфатив дека треба да е бензин автоматик, се извинувам. Малку тешка комбинација да се најде, колите до 6.000 евра обично се околу 13-15 години стари, период кај што дизели беа далеку побројни од бензинци на пазарот.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3926
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #15584 на: 23 Септември 2025, 23:54:15 pm »


Многу клошари има, а малку купци.

Пример - продаваш нешто за 15000 евра. Доаѓа и прв муабет му е дали може за 11000. Што да правиме муабет понатаму? Каква кола да вози побогу кога е кретенчуга што мисли дека само неговите пишљиви пари вредат.

Втор пример - да се најдеме некаде за да ја види колата. Кај да се наоѓаме - кај што има најблиску ЈСП станица?

И немооој само на костозглобноооо брату. Немој жиФти се.

Ај не можам више на темава.

За тоа со цената прав си, сака за 50% да ја симне цената... Никад у живот не сум се ценкал кога сум купувал кола а стално ми пуштале цена без да прашам.Во 2015 година продавав клио кое го возев 6 години и дојде еден таксиста со мерцедес од 1994 година роскоп, го гледа се тувка и му викам има и зелен картон и се врти сељакот и ми вика "хаха ова дали ќе стигне до патарина а не до граница".Фино лепо си го земав клучот од брава и го избркав....

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)