Ќе го преправала кровот и уште некои ситници, не и се мешам, мое е деновиве да му направам голем и мал сервис и тука завршувам. 1.2 е, избегнував 1.4 поради мењачот, на повеќето што ги пробав бучеше во 3та, изгледа е тој кај гранде пунто што се вградува со 6 брзини. За 1.2 не е лошо, ако пуштиш клима не ти треба кочница. Планирам промена на сите течности, каиши затегачи водна пумпа, уље во мењач и проверка на држачи на мотор. Амортизери свеќици и ауспух се сменети во Швајцарија. Цените како што ги гледав се смешни плочки и гуртни комплет околу 2300ден, уље 2.8л. Штета што до сега сум имал предрасуди кон италијанските возила, ќе сум се спасел од многу грешно купени коли и џабе фрлени пари.
Sent from my iPhone using Tapatalk