Автор Тема: Што си купивте / сакате да си купите  (Прочитано 2026596 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14970 на: 19 Декември 2024, 13:41:32 pm »
Разликата у цена е прилично голема, за асолен гејминг компјутер и конзола.

Арно ама, има ствари што едноставно е многу подобро да се играат на ПЦ, него ли на конзола.
Арно ама вол.2, асолен гејминг компјутер фаќа накај што знам, 1500-2000 евра, (ако не и јаче, појма неам, не сум се заинтересирал премногу за да видам), а тоа се прописно многу пари сами по себе, а исто така многу повеќе и од најскапата конзола на пазарот.

Апсолутно е поскапо, нема муабет. Една саглам графичка кошта повеќе од конзола. Ама како што и сам кажуваш, некои работи едноставно подобро се играат на компјутер отколку на конзола. Односно дури би рекол повеќето, а секако можеш да поврзеш контролер и да си цепаш и така. Пуцачини, RPG, итн, сето тоа многу подобро се игра на компјутер.

Е сеа дека е поскапо, поскапо е. Ама па компјутер купуваш еднаш на 5 години, па дури и поретко бидејќи можеш да го надградиш со нови или половни делови, твоите стари делови да ги продадеш, итн...

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14971 на: 19 Декември 2024, 14:05:44 pm »
Па добро, не е дека секоја втора година купуваш конзола :D
Мојон Голиат од Анхоч, ене го, Франкенштајн, поише од 15 години веќе, сечен/лепен/монтиран :D
Секако дека одамна не одат повеќето игри на него, ама па, имајќи го Плејстејшнот, не би се дрзнал да се офрчам 2000 евра (или повеќе) за прописна гејминг конфигурација.

Од друга страна ми се свиѓа што нема премногу експериментирање со конзолите, него за поновите технологии и ствари, ќе си чекаш следна генерација, или некоја „Про“ изведба.

Арно ама, ако си „забеган“ гејмер и мораш да имаш „задња реч технике“ од ПЦ, онда многу почесто ќе треба да испљукуваш солидна сума пари, без разлика дали на ново или на старо ќе набавуваш компоненти.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14972 на: 19 Декември 2024, 14:17:31 pm »
Нема замена за конзола на големо тв. Кај цел ден сум пред пц со работа, уште да седам за некоја игра да играм.

За квалитет на графика нема споредба, ама со цениве оди купи некоја саглам графичка, особено ако играш за разонода.

На конзола единствено негативно што си одат пари за игри, на пц можеш и пиратски иако немам пиратирано 10 години па нз колку е лесно/тешко да се кракне

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2080
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14973 на: 19 Декември 2024, 14:34:14 pm »
Јас играм

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14974 на: 19 Декември 2024, 14:58:40 pm »
Се додека постои цс 1.6, има да се гејма, потоа ќе се пензионираме.  :)

Игра некој од тука кантер? Има ли некој македонски сервер?

Еднаш неделно пукам по 30мин, кога ќе ми се насобере се, таму се издувувам :D

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14975 на: 19 Декември 2024, 23:19:30 pm »
На gametracker.com и на gametracker.rs ќе можеш да сортираш Македонија и да видиш дали има сервери

На gametracker не нема, или пак не знам да пребарувам.
На gametracker.rs не има, но сите сервери се празни.  :(

@t0m1cA давај ип. Да те научам да играш.  ;D :P

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1008
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14976 на: 20 Декември 2024, 01:02:09 am »
А да заборајв да се пофалам

https://www.neptun.mk/categories/PRAVOSMUKALKI/ROWENTA-RO-7C32EA

Само сеа гледам 13К+ ја качиле. Јас за 10900 така нешто ја зедов.
Хаха, сега е 15.5+К
Што ти е (галопирачка) инфлација. Или можеби ве прочитале овде како фалите неколку души, па покачиле цена.

... ос от е на UNIX базиран што за мене е клучно бидејќи Виндоус ич несакам.
Linux па е бесплатен ОС а кој и да е џенерик квалитетен лаптоп да го земеш, пак ќе имаш добра батерија само што нема биде со планиран obsolesce (како што ејпл прави со нивните уреди).

Линукс за десктоп е тешко говно особено ако планираш сериозно да работиш на лаптопот. Инаку planned obsolescence има повеќе кај не-Епл уреди отколку кај Епл. Во станов моментално најстар уред е Macbook Pro од 2013 кој без проблем си функционира и држи 3-4 саати на *оригиналната батерија*. Стариот мој Macbook Air со M1 чип купен 2021 уште работи како нов. Моменталниот 16 инчен Macbook Pro што ми е за работа го користам 2 цели работни денови пред да треба да помислам да го врзам на полнач, а баш би сакал да знам кој Андроид уред од 2018 ја има добиено најновата верзија на Андроид.

Имаше еден период во 2020та кај што тогашниот Macbook Pro ми беше на сервис за да сменат тастатурата, па една недела користев десктоп Линукс за работа. Ако тогаш не си пресудив, нема никогаш.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14977 на: 20 Декември 2024, 03:03:42 am »

Доста based коментар искрено, што не можеше да направиш на линуксот што можеше да направиш на мекот? Користам и arch based дистро на десктопот и M4 Pro за "сериозна development работа", двете исто работа ми вршат. :) За се останато се согласувам, имам и јас M1 Air што ми е жал да го продавам затоа што работи исто како вчера да сум го купил.

Леџит прашање е ова погоре иначе, стварно ме интересира.

Отсутен kokos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 196
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14978 на: 20 Декември 2024, 06:02:15 am »
сакам да купам таблет е сега прашањето е каков да се земе до кај 200€ ги меркам овие:
https://www.anhoch.com/products/tablet-pc-xiaomi-redmi-pad-se-8gb256gb-graphite-gray-2345

https://www.anhoch.com/products/tablet-pc-samsung-galaxy-tab-a9-plus--smx210-4gb64gb-graphite-gray-1793

или дајте предлог

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14979 на: 20 Декември 2024, 08:31:14 am »
сакам да купам таблет е сега прашањето е каков да се земе до кај 200€ ги меркам овие:
https://www.anhoch.com/products/tablet-pc-xiaomi-redmi-pad-se-8gb256gb-graphite-gray-2345

https://www.anhoch.com/products/tablet-pc-samsung-galaxy-tab-a9-plus--smx210-4gb64gb-graphite-gray-1793

или дајте предлог
  Самсунгот има подобар чипсет, ама Шаомито има двојно повеќе рам и х4 storage. Разгледај го и овој Леново, 11 инчен е доаѓа со case и пенкалце. Иако перформанси е послаб од првите два. https://www.anhoch.com/products/tablet-pc-lenovo-tab-m11-lte-11-wuxga-1920x1200-ips-octacore-4gb128gbpenfolio-casea13grey-7217

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14980 на: 20 Декември 2024, 08:41:05 am »
@kokos Земи си го самсунгот.

Кај спомнав Мекбук, кај се запустив. Ќе ја сменам батеријата на сегашниот Дел, ќе му ставам уште 16гиги рам и ќе си го фурам уште три-четири години.

Малку прецизност. Многу важна работа во животот на еден хаќер/програмер. Мек ОС не е базиран на Линукс, туку на БСД Јуникс компоненти од кои е излезен Мак керенлот врз кои е базиран модерниот Мек ОС.

Не дека сум многу јак хаќер, ама најсериозниот развој на софтвер во мојата скромна професионална кариера е со пенкало, тетратка и контрол-еф. И чат пат гугле.

Предлог до администраторите. Да ни отворат тема за хакери да си ги мериме виртуелните курови.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14981 на: 20 Декември 2024, 08:57:16 am »
Отворете си сами, од мене еве поклон да ви тргне работата, со метро не е тоа тоа:

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14982 на: 20 Декември 2024, 09:12:04 am »
Aj dont get d dzhouk.  :-X
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14983 на: 20 Декември 2024, 09:36:37 am »
@kokos Земи си го самсунгот.

Кај спомнав Мекбук, кај се запустив. Ќе ја сменам батеријата на сегашниот Дел, ќе му ставам уште 16гиги рам и ќе си го фурам уште три-четири години.

Малку прецизност. Многу важна работа во животот на еден хаќер/програмер. Мек ОС не е базиран на Линукс, туку на БСД Јуникс компоненти од кои е излезен Мак керенлот врз кои е базиран модерниот Мек ОС.

Не дека сум многу јак хаќер, ама најсериозниот развој на софтвер во мојата скромна професионална кариера е со пенкало, тетратка и контрол-еф. И чат пат гугле.

Предлог до администраторите. Да ни отворат тема за хакери да си ги мериме виртуелните курови.
Хартијата и пенкалото се најдобриот IDE. Ако ја нема магијата на хартија, пред да куцнеш код, најверојатно АИ ќе ти ја земе работата за брзо време. Хардверот не игра никаква улога. Па дури ни stack-от го кој што кодираш. Арно си ја тераш, не троши пари за нешто што е obsolete.
Секако framework/single stack кодерите ќе бидат вишок за брзо време.

If you are overpaid to write code on a Mac, you are fucked.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
  • Macedonia
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #14984 на: 20 Декември 2024, 09:55:41 am »
На gametracker.com и на gametracker.rs ќе можеш да сортираш Македонија и да видиш дали има сервери

На gametracker не нема, или пак не знам да пребарувам.
На gametracker.rs не има, но сите сервери се празни.  :(

Сега проверив, изгледа не отстраниле дека немаме повеќе прикачени сервери таму, во пикот порано имаше цели листи да скролаш со сервери а сега не нема ни како држава  ;D