Со здравје да се користи, најверојатно најдобриот телефон на пазарот во моментов. Може една кратка рецензија да пишиш од досегашното користење (ако не те мрзи)
Само ме интересира зошто не ја зеде верзијата со 12гб рам? Можеби сега се доволни 8гб но во наредни 3-4 години гарант ќе се зголемуваат апликацииве а и ќе излегуваат нови поголеми, па ќе се осети при користење.
Исто така и @Carpathian Lord може да пиши некој збор за С23-ката од досегашното користење.
Втор ден го имам телефонов, до сега сетирав се од апликации, логини, 2-степени верификации, работните апликации...
Тек пред 20 минути ставив СИМ па официјално го пензионирав стариот телефон кој најверојатно ќе стои во кола како навигација/резерва.
Ќе пишам за некое време.
Зошто изборот на 8 гига рам? Имаме дарежлив буџет за телефони од работа, и стварно се мислев да си го земам S23+ зошто мислев дека ќе треба да доплатам 100тина евра знаејќи колку пари коштаат во продавница.
Прашав за цена за него, и онака, чисто да знам колку далеку од дофат ми е Ултра, прашав и за овој. Ми лупнаа цена од 18 евра доплата за S23+ и 106 евра за овој, и више бев се опростил од 100 евра, па си реков ај зошто да не.
12/256 моделот беше скоро дупло доплата, 12/512 беше два-и-пол пати повеќе.. нит имам толку пари, нит ми се даваат, особено што ако си одам од фирма, никој не ми ги враќа