Ги има во Ornato.mk (instagram/fb профил) и deko.panels (instagram).
Двете имаат физички локации, првите по Качанички пат, вторите во Чаир/Топанско.
Не се дрвени, шуплив композит од MDF и мелен ПВЦ. Во шуплините има летвички заглавено, долната летвичка ја залепив пред време, горната ја лепев при уградња на преградниот столб:
https://i.imgur.com/LYg69hE.jpegЈа лепиш од доле со креп трака, горе и ставаш монтажен кит, кога ќе ја наместиш на посакувана локација ги влечеш "ушите" од креп траката и така летвичката оди нагоре кон плафон и китот се допира до плафонот.
Ставаш 2 чивии да држат додека стегне китот, и тоа е тоа.
Цена на еден столб е 1500 денари, и димензиите се 290х10х5 сантиметри.